Мудрост Сирахова 39 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Законопознавач.

1Само оној што душата своја ја посветил на размислување за законот на Севишниот, тој ја бара древната мудрост и се занимава со пророштвата.

2Тој ги помни зборовите на славните луѓе и проникнува во смислата на нивните мисли.

3Тој го проучува сокриеното значење на зборовите и се бави со тајните на загатките.

4Меѓу големци ќе служи, со владетели ќе се среќава;

5ќе патува по земјите на други народи, зашто искусил и добро и зло меѓу луѓето.

6Уште в зори срцето свое кон Господа го издигнува, Кој го создал, се моли пред Севишниот; ја отвора устата своја на молитва и моли милост за своите гревови.

7Ако е тоа волја Божја, го исполнува со дух на разум;

8зборови на мудрост то исипува и со молитвата своја Го прославува Господа;

9добро ќе го управи умот свој и волјата и ќе размислува за тајните на Господа;

10ќе ја изложува мудроста на своето учење и ќе се фали со законот на Божјиот завет.

11Многумина ќе го прославуваат неговото знаење и никогаш нема заборавен да биде;

12спомеот за него нема да згасне, името негово вечно ќе живее.

13Народите мудроста негова ќе ја слават и заедницата ќе го фали;

14додека е жив од илјадници луѓе пославен ќе биде, а и кога почине – пак славен ќе биде.

15Откако размислив, пак ќе ви зборувам; бидејќи сум исполнет со мисла како полна месечина.

16Слушајте, побожни деца, и растете како ружа што расте покрај буен поток.

17Како од темјан пријатна миризба давајте.

18Цутете како кринови, пријатна миризба ширете и песни пејте;

19благословувајте Го Господа во сите негови дела, името Негово славете Го, огласувајте ја похвалата Негова;

20со песни и гусли, прославувајте Го и велете:

21»Колку се величествени делата на Господа; секоја Негова повелба навреме ќе се исполни!«

22Не треба да прашуваме: »Што е она и зошто е вака?« Во свое време сѐ ќе се открие.

23По Неговиот збор – водата како купиште стана по заповед на устата Негова водата се смести.

24Во заповедите Негови – волјата е Негова; никој не може нивната спасителност да ја намали.

25Пред Него се делата на сите; не можеме да се сокриеме од Неговите очи.

26Тој гледа низ целата вечност; ништо не е необично пред неговите очи.

27Не треба да прашуваме: »Што е ова и зошто е вака?« – Сѐ што е создадено, своја цел има.

28Неговиот благослов се прелива како река; како поплава земјата ја напојува.

29И гневот Негов народите го чувствуваат, како некогаш водите во сол што ги претвори.

30Патиштата Негови прави се за праведниците; а непроодни се за грешниците.

31Од почеток доброто за добрите е создадено, а злото – за лошите.

32Основните потреби за животот на човекот се: водата, огнот, железото и солта, пченичното брашно, медот, млекото, виното, маслото и облеката.

33Сето ова им служи за добро на добрите, а за грешниците во зло може да се претвори.

34Има ветрови за казна определени, создадени се како бичеви на Неговиот гнев;

35кога тие се во устрем – силата Негова ја пројавуваат; го смируваат гневот на Создателот свој.

36Огнот и градот, гладот и смртта – за казна се создадени;

37забите на ѕверовите, скорпиите, змиите и мечот кој одмаздува за пропаст на безбожниците.

38На Неговата заповед ќе се зарадуваат, подготвени ќе бидат на земјата и кога ќе бидат потребни – ќе ја слушаат Неговата заповед.

39Затоа од самиот почеток одлучив, размислив и во книга запишав: –

40»Прекрасни се сите дела Господови – Тој навреме ни дава сѐ што ни е потребно;

41не треба да се рече: ‚Ова е полошо од она‘ зошто сѐ во свое време ќе биде признато за добро,

42А сега, со полно срце и полна уста запејте и благословувајте Го името на Господа.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help