Исус Навин 9 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Жителите на Гаваон се здобиваат со пријателство преку лукавство.

1Откако го чуја тоа аморејските цареви, кои беа од оваа страна на Јордан, по планината и рамнината и по целиот брег на Големото Море, и кои беа близу до Антиливан, – Хетејците, Аморејците, Гергесејците, Хананејците, Ферезејците, Евејците и Јевусејците,

2се собраа сите, за да удрат заедно против Исуса и Израилот.

3Но жителите гаваонски, откако чуја, што му направил Господ на Јерихон и на Гај,

4употребија и тие итрина; отидоа и се снабдија со храна за пат и ставија ветви вреќи на ослите свои и ветви, испокинати и закрпени мевови за вино;

5и обувките на нозете им беа стари, закрпени, и облеката нивна – ветва; и сиот леб нивни за пат беше сув и мувлосан.

6Тие дојдоа кај Исуса во логорот Израилев во Галгал и му рекоа нему и на сите Израилци: »Ние сме дојдени од многу далечна земја; впрочем ако сакате склучете со нас сојуз.«

7А Израилците им одговорија на Евејците: »Вие, можеби живеете близу до нас; како ќе склучиме сојуз со вас?«

8Тие му рекоа на Исуса: »Ние сме твои робови.« А Исус ги праша: »Кои сте вие и од каде сте дошле?«

9Тие му одговорија: »Од многу далечна земја се дојдени твоите робови во името на Господа, твојот Бог, зашто ја чувме славата Негова и за сѐ што извршил Он во Египет,

10и за сѐ она, што им направи на двајцата аморејски цареви, кои беа од онаа страна на Јордан, на есевонскиот цар Сион и на васанскиот цар Ог, кои живееја во Астарот и во Едраин.

11Кога го чуја тоа, старешините наши и сите жители на нашата земја ни рекоа: земе во рацете свои леб за пат, одете им во пресрет и кажете им: ‚Ние сме ваши робови; па, ако сакате, склучете сојуз со нас.‘

12Овој наш леб го зедовме од куќите наши топол во денот, кога тргнавме кон вас, а сега ете, тој се исушил и мувлосал;

13и овие мевови со вино, кои кога ги наполнивме беа нови, ете се испокинаа; и овие наши облеки и обувките изветвеа поради многу долгиот пат.«

14И кнезовите го зедоа лебот нивни, а Господа не го прашаа.

15Тогаш Исус склучи со нив мир и постави услов, дека ќе им го зачува животот; и кнезовите на народот им се заколнаа.

16А по три дена, откако склучија со нив сојуз, слушнаа дека тие биле нивни соседи и дека живеат близу до нив;

17зашто синовите Израилеви кога тргнаа на пат, дојдоа до градовите нивни на третиот ден; градотиве нивни, пак, беа: Гаваон, Кефира, Вирот и уште градот Јарим.

18Исус и синовите Израилеви не ги погубија, зашто сите кнезови народни им се заколнаа во Господа, Израилевиот Бог. Затоа целото општество Израилево замрмори против кнезовите.

19Сите кнезови му рекоа на целиот народ: »Им се заколнавме во Господа, Израилевиот Бог, и затоа не можеме да ги допреме нив;

20а, еве, што ќе направиме со нив: ќе ги оставиме живи, за да не нѐ стигне гневот поради клетвата, со која им се заколнавме.«

21И им рекоа уште кнезовите: »Нека живеат, но ќе сечат дрва и ќе носат вода за целото општество.« И целиот народ направи така, како што му рекоа кнезовите.

22Исус ги повика и им рече: »Зошто нѐ измамивте, кога рековте: ‚ние сме многу далеку од вас, а вие сте живееле блиску до нас?‘

23Отсега да сте проклети! Вечно ќе бидете робови, ќе сечете дрва и ќе носите вода за мене и за домот на мојот Бог!«

24Тие му одговорија на Исуса и рекоа: »Дојде до ушите на твоите робови, дека Господ, твојот Бог, му заповедал на својот слуга Мојсеј, оти ќе ви ја даде цела земја, и дека ќе нѐ погуби нас и сите жители на оваа земја пред лицето ваше; затоа ние многу се уплашивме да не ни го земете животот, па го направивме тоа;

25сега, ете, ние сме во твои раце: како ти се чини дека е подобро и посправедливо да постапиш со нас, така и направи.«

26И Исус така и постапи со нив: ги избави од рацете на синовите Израилеви, и тие не ги погубија.

27И во тој ден Исус нареди тие да сечат дрва и да носат вода за целото општество и за жртвеникот на Господа; поради тоа оние што живееја во Гаваон станаа дрвари и водари за жртвеникот Божји дури и до денес, на она место, што ќе го избере Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help