Откровение 11 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Мерењето на црквата Божја. Два сведока загинале, па оживеале.

1И ми се даде трска слична на жезал, и ми се рече: »Стани и измери го Божјиот храм и жртвеникот и оние, што се поклонуваат во него.

2А дворот пред храмот остави го и не го мери, бидејќи им е даден на незнабошците: тие ќе го газат светиот град четириесет и два месеца.

3И ќе им дадам на двајца Мои сведоци, и тоа облечени во вреќи, да пророкуваат илјада двесте и шеесет дена.«

4Тоа се двете маслинови дрвца и двата светилника што стојат пред Господарот на земјата.

5И, ако некој сака да им направи неправда, оган ќе излезе од устата нивна и ќе ги проголта нивните непријатели; да, така треба да биде убиен оној, што ќе посака тоа да го направи.

6Тие ќе имаат власт да го затворат небото, за да не паѓа дожд во деновите на нивното пророкување, и ќе имаат власт над водите да ги претворат во крв и да ја поразат земјата со секаква мака, кога што ќе посакаат.

7И кога ќе го завршат сведоштвото свое, тогаш ѕверот, кој што ќе излезе од бездната, ќе им објави војна и ќе ги победи, и ќе ги убие.

8А труповите нивни ќе ги остави по улиците на големиот град, кој духовно се наречува Содом и Египет, каде што и нивниот Господ беше распнат.

9И многу од народите и племињата и јазиците ќе ги гледаат нивните трупови три дена и половина и нема да позволат нивните трупови да се положат во гробови.

10И жителите на земјата ќе се зарадуваат и развеселат поради нив, и ќе си праќаат дарови еден на друг, бидејќи тие два пророка ги мачеа оние, што живеат на земјата.

11Но по трите дена и половина во нив ќе влезе животен дух од Бога, и тие ќе се исправат на нозете свои, и голем страв ќе ги обземе оние, што ќе ги гледаат.

12Тогаш тие ќе чујат висок глас од небото како им вели: »Искачете се ваму!« И тие ќе се издигнат на небото во облаци, и непријателите нивни ќе ги видат.

13Во тој час ќе настане голем потрес, и десеттиот дел од градот ќе се растури; а од потресот ќе загинат седум илјади човечки имиња; другите, пак, ќе се исплашат и ќе Му воздадат слава на небесниот Бог.

14Второто зло мина. Ете, брзо иде третото зло.

15Затруби и седмиот ангел, и по небото одекнаа силни гласови, кои викаа: »Царството на светот стана царство на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и Он Ќе царува во сите векови!«

16И дваесет и четирите Старци, кои што седеа пред Бога на престолите свои, паднаа ничкум и Му се поклонија на Бога,

17велејќи: »Ти благодариме, Господи Боже Седржителу, Кој си, Кој беше и Кој ќе бидеш, затоа што ја прими Својата голема сила и се зацари!

18И се разгневија народите, и дојде Твојот гнев и времето да им се суди на мртвите и да дадеш награда за слугите Твои – на пророците, на светиите и на оние, кои се плашат од името Твое, мали и големи, и да ги погубиш губителите на земјата!«

19Тогаш на небото се отвори храмот на Бога, и се јави ковчегот на заветот во Неговиот храм; и имаше светкавици и гласови, громови и земјотрес, и град голем.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help