1И стана како оган пророкот Илија и како пламен од факел гореа зборовите негови.
2Тој ним им испрати глад, а со ревноста своја бројот им го намали;
3со зборот свој небото го заклучи и оттаму трипати оган симна.
4Со чудата свои, колку си се прославил, Илија? А по слава кој може со тебе да се споредува?
5Ти мртовец подигна од смрт и од пеколот по зборот на Севишниот.
6Ти кутна во погибел цареви и истакнати личности од нивното легло.
7Ти слушаше на Синај изобличување против нив и на Хорев – суд за одмазда;
8ти цареви за награда помаза и пророци – за свои наследници;
9ти беше грабнат од огнен виор на кола со огнени коњи;
10за изобличување на твоето време предназначен беше, за да го смириш гневот пред да мине во жестокост; срцето на татко кон синот негов да го свртиш и племињата на Јаков да ги обновиш.
11Блажени се оние коишто те видоа и оние коишто со љубов се украсија – и ние живот ќе имаме.
12Илија во виор сокриен беше, а Елиша со духот негов се исполни;
13пред кнез не трепереше во сите свои дни, и никој не го надмина;
14ништо не го повреди и по неговата смрт – телото негово пророкуваше.
15Додека беше жив чуда правеше, а по смртта, – дела пречудесни.
16Но покрј сето тоа народот не се покаја, од своите гревови не отстапи, додека во ропство не го одведоа и по цел свет не го расеаја.
17И сосем малку од народот остана и еден кнез од домот на Давид.
18Некои од нив вршеа што е право пред Господа, а други гревовите свои го умножуваа.
19Езекија градот свој го утврди, вода во него доведе, со железо карпа прокопа и базени за вода направи.
20Во негово време се крена Санхерив против него, таму Равшаке го прати, кој дигна рака на Цион и во гордоста своја се правеше многу голем.
21Тогаш им трепереа и срцата и рацете и како родилки се мачеа.
22Кон милостивиот Господ повикаа, раце кон Него креваа.
23И Светиот ги слушна набргу од небото и ги избави со раката на Исаија.
24Тој ја порази војската асирска и Ангелот Негов сите ги истреби,
25зашто Езекија вршеше што е угодно пред Господа, и право одеше по патиштата на својот татко Давид, како што заповеда Исаија, голем и верен во своите виденија.
26Во неговите денови сонцето назад се врати и тој на царот животот му го продолжи.
27Со својот голем дух ја предвиде далечната иднина и ги утешуваше оние што тагуваа во Цион;
28Ја објави иднината сѐ до крајот на времето и сѐ што било сокриено пред да се исполни.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
