1По смртта на Исуса синовите Израилеви Го прашаа Господа, велејќи: »Кој од нас прв ќе тргне против Хананејците – да војува против нив?«
2Господ одговори: »Јуда ќе тргне; ете, Јас ја предавам земјата во негови раце.«
3Јуда, пак, му кажа на братот свој Симеона: »Влези со мене во мојот жреб, и да војуваме против Хананејците; и јас ќе влезам со тебе во твојот жреб.« И Симеон отиде со него.
4Тогаш Јуда тргна, и ги предаде Господ Хананејците и Ферезејците во рацете нивни, и тие убија од нив во Везек десет илјади души.
5Во Везек се сретнаа со Адони-Везек, се судрија со него и ги разбија Хананејците и Ферезејците.
6Адони-Везек избега, но тие се спуштија, тргнаа по него, го фатија и му ги исекоа палците на рацете негови и на нозете негови.
7Тогаш Адони-Везек рече: »Седумдесет цареви со пресечени палци на рацете и нозете собираа трошки под трпезата моја; како што правев јас, така ми воздаде Бог.« И го доведоа во Ерусалим, каде што и умре.
8и војуваа Јудините синови против Ерусалим, го презедоа и го поразија со меч и градот го изгореа со оган.
9Потоа Јудините синови отидоа да војуваат против Хананејците, кои живееја во гората и во јужната земја и во низините.
10И тргна Јуда против Хананејците, кои живееја во Хеврон, порано Хеврон се нарекуваше Кириат-Арба, и го поразија Сесаја, Ахимана и Талмаја.
11Оттука отидоа против жителите на Давир, порано Давир се викаше Киријат-Сефер.
12И рече Халев: »Кој ќе го порази Киријат-Сефер и го преземе, ќе му ја дадам ќерката своја Ахса за жена.«
13Го презеде Готониил, син Кенезов, помалиот брат Хелезов, и Халев му ја даде ќерката своја Ахса за жена.
14Пред да замине таа, Готоноил ја подучи да бара од татка си земја, и таа слезе од оселот. Халев ја праша: »Што бараш?«
15А таа му рече: »Дај ми благослов; ти ми даде сува земја, дај ми и водни извори.« И ѝ ги даде Хелев горните извори и долните извори.
16И синовите на Кенеецот, Мојсеевиот тест, појдоа од градот на палмите со Јудините синови во Јудината пустиња, која е на југ од Арад. И дојдоа и се населија меѓу народот.
17Потоа тргна Јуда со брата си Симеона и ги порази Хананејците, кои живееја во Сефат, го предадоа градот под заклетва и го нарекоа тој град Хорма.
18Јуда исто така ги презеде Газа со пределите нејзини, Акарон со пределите негови, и Анарод со пределите негови,
19зашто Господ беше со Јуда, и тој ја завладеа планината; но не можеше да ги истера жителите во долината, бидејќи тие имаа железни двоколки.
20А на Халев му го предадоа Хеврон, како што беше заповедал Мојсеј, и таму тој ги доби во наследство трите града на синовите Енакови и ги истера оттаму трите синови Енакови.
21Но Венијаминовите синови не ги истераа Јевусејците, кои живееја во Ерусалим; Јевусејците живеат со синовите на Венијамина во Ерусалим и до ден денес.
22И синовите Јосифови исто така тргнаа против Ветил, и Господ беше со нив.
23А се задржаа Јосифовите синови и го разгледаа Ветил, а порано градот се нарекуваше Луз.
24И стражарите видоа еден човек, кој доаѓаше од градот и му рекоа: »Покажи ни го влезот во градот, и ќе ти направиме милост.«
25Тој им го покажа влезот во градот, и тие го поразија градот со меч, а тој човек и сите негови роднини ги пуштија.
26Тој човек отиде во земјата на Хетејците и изгради таму град и го нарече со името Луз. Тоа му е името и до ден денес.
27И Манасија не ги истера жителите на Ветсан и потчинетите му градови, ниту жителите во Дор, ни потчинетите му градови, ни жителите на Иевлам и потчинетите му градови, жителите на Мегедон и потчинетите му градови; така останаа Хананејците да живеат во оваа земја.
28Кога Израилот се засили, ги направи Хананејците свои поданици, но не ги истера.
29И Ефрем не ги истера Хнанеците кои живееја во Газер; и Хананејците живееја меѓу нив во Газер и им плаќаа данок.
30И Завулон не ги истера жителите на Китрон, ниту жителите на Нахлол, и Хананејците живееја меѓу нив и им плаќаа данок.
31И Асир не ги истера жителите на Акхор, ниту жителите на Дор и ни жителите на Сидон и Ахлав, ни од Ахазив, Далафе, Елва, Афек ниту, пак, од Роав.
32Се насели Асир меѓу Хананејците, жителите на таа земја, бидејќи не ги истера.
33И Нефталим не ги истера жителите на Ветсамес како ни жителите на Ветанах и живееше меѓу Хананејците, жителите на таа земја; а жителите на Ветсамес и на Ветанах беа негови поданици.
34Аморејците ги притискаа синовите Данови во горите, бидејќи не им даваа да слезат во долината.
35И Аморејците останаа да живеат во гората Херес, во Ајалон и Салавин; но раката на Јосифовите синови ги присили и тие им станаа поданици.
36Пределите на Аморејците се протегаа од гората Акравин, од карпата сѐ угоре.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.