1Товија му одговори на татка си: »Татко, ќе правам сѐ како што ми заветуваш,
2но како ќе можам да ги земам парите, кога не го познавам човекот?«
3Тогаш татко му му ја даде потврдата и рече: »Најди човек што ќе те придружува; јас ќе му платам додека сум уште жив, и одете по парите.«
4Тогаш отиде да бара човек и го сретна Рафаила, кој беше ангел, но Товија не знаеше.
5И тогаш му рече: »Можеш ли да дојдеш со мене во Рага Мидиска и го знаеш ли патот дотаму?«
6Ангелот му одговори: »Можам, ќе дојдам со тебе и патот го знам; јас сум живеел кај Гаваила, нашиот брат.«
7Товија му рече: »Почекај да му јавам на татка ми.«
8А ангелот му одговори: »Оди, само не задржувај се.«
9Товија отиде кај татка си и му рече: »Еве, најдов другар што ќе оди со мене.« А татко му му рече: »Покани го да дојде при мене, да чујам на кое племе му припаѓа и да видам дали ќе ти биде добар придружник.«
10Товија го повика, па кога влезе, се поздравија еден со друг.
11Товит го праша: »Кажи ми, од кое племе и од кој род си?«
12Ангелот одговори: »Дали бараш племе и род или бараш наемник кој ќе го придружува твојот син?« Тогаш Товит му одговори и рече: »Брате, сакам да ги знам твоите предци и како ти е името?«
13Ангелот му рече: »Јас сум Азарија, од племето на Ананија Велики, еден од твоите браќа.«
14Тогаш Товит му рече на ангелот: »Брате, среќен нека ви е патот и не лути ми се што сакав да разберам од кое племе си и како ти е името. Значи, ти си мој брат од угледен и благороден род. Јас ги познавам Ананија и Јонатана, синовите на Семеј Велики; заедно одевме во Ерусалим за да се поклониме со првините и со десетоците од нашите земни плодови. Не појдовме по заблудите на нашите браќа. Брате, ти си од добар корен.
15Но кажи ми колку треба да ти платам? Ќе ти дадам драхма на ден и сѐ што е потребно за тебе и за син ми,
16а ќе ти дадам и нешто повеќе од тоа кога ќе се вратите живи и здрави.«
17Така се договорија. Тогаш Товит му рече на Товија: »Приготви се за пат и среќен ви пат!« Синот негов приготви сѐ што беше потребно за патувањето. Тогаш пак таткото му проговори и рече: »Оди со овој човек, а Бог, Кој живее на небото, нека ви подари среќно патување и Неговиот ангел да ве придружува.« И така отпатуваа обајцата и кучето на момчето со нив.
18Но Ана, мајката на Товија, заплака и му рече на Товита: »Зошто го испрати нашиот син? Не беше ли тој поткрепа за нашите раце – кога влегуваше и излегуваше пред нас?
19Не менувај го среброто со сребро! Парите се ѓубре спрема нашиот син!
20Зашто за олку, колку што Бог ни определил да живееме, доволно ни е ова што го имаме.«
21Товит проговори и рече: »Не тажи, сестро, не плачи; тој ќе се врати и твоите очи пак ќе го видат жив и здрав.
22Него ќе го придружува добар ангел. Патувањето негово ќе биде среќно; ќе ни се врати здрав и со успех.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.