1Сврти се, сврти се Суламко, сврти се, сврти се, да те погледаме!
Возљубениот:Зошто сакате да ја гледате Суламка, како на оро манаимско?
Хорот:2О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита! Облите колкови твои се како веришки, дело од рацете на вешт уметник,
3папокот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја – купа пченица, опкружена со кринови;
4двете твои гради – како две јаренца, како близначиња на срна;
5Вратот твој – како столб од слонова коска; очите твои – Есевонски езерца кај Ватравимските порти; носот твој – Ливанска кула, свртена кон Дамаск;
6главата твоја на тебе – како Кармил; а косата на главата твоја – како пурпур; цар се вплел во плетенките.
Возљубениот:7О, колку си убава, о, колку заносна, возљубена моја, со твојата убавина!
8Таа твоја снага прилега на палма, а твоите гради – на гроздови.
9Си помислив: да се качев на палма, би се фатил за ветките нејзини; и твоите гради би биле место гроздови, и мирисот од твоите ноздри – како мирис на јаболко;
10устата твоја е како најдобро вино.
Возљубената:Тоа тече право кон возљубениот мој, и тече нечујно преку устните кои спијат.
11Јас припаѓам на возљубениот мој, и тој копнее по мене.
12Дојди, мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата;
13утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања.
14Мандрагорите веќе шират пријатен мирис, и до вратата наша има секакви најубави плодови, нови и стари; кои ги зачував за тебе, мил мој!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
