Левит 16 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Секоја година голема свеченост за очистување.

1И му зборуваше Господ на Мојсеја по смртта на двајцата Аронови синови, кога тие, откако принесоа туѓ оган пред Господа умреа;

2па му рече: – »Кажи му на братот твој Арона да не влегува во светилиштето зад завесата во секое враме пред очистилиштето, што е врз ковчегот на сведоштвото, за да не умре, бидејќи Јас ќе се јавувам над очистилиштето во вид на облак.

3Еве вака да влегува Арон во светилиштето: со теле како жртва за грев и со овен за сепаленица.

4Тој треба да го облекува осветениот ленен хитон, на долната половина од телото свое да има ленена облека и да се опашува со ленен појас, ленен кидар да става – тоа се свети облеки; прво треба да го измие целото свое тело со вода и потоа да ги облекува.

5И од заедницата на синовите Израилеви да земе Арон два козела од козите како жртва за грев и еден овен за сепаленица.

6Потоа Арон да приведе теле како жртва поради гревот свој и да се помоли за себе и домот свој,

7па ќе ги земе двата козела и ќе ги постави при вратата од скинијата на сведоштвото.

8И тогаш Арон ќе фрли жреб за двата козела: еден жреб за Господа, а другиот за отпуштање.

9И да го доведе Арон козелот на кој паднал жребот за Господа, и да го приведе како жртва за грев;

10а козелот на кој паднал жреб за отпуштање, да го постави жив пред Господа, и откако се помоли над него, да го пушти во пустињата за отпуштање, и козелот ќе ги понесе врз себе сите нивни беззаконија во непроодна земја.

11Потоа Арон да го приведе телето како жртва поради својот грев и да се помоли за себе и за домот свој и да го заколе како жртва поради гревот свој.

12А потоа да земе кадилница, полна со разгорени јаглења од жртвеникот, што е пред Господа, и да ги наполни рацете со чист темјан, и тоа да го внесе зад завесата;

13и да го стави темјанот врз огнот пред Господа; и димот од темјанот ќе го покрие очистилиштето, што е над ковчегот на сведоштвото, за да не умре.

14И ќе земе од крвта на телето и со прст ќе го попрска очистилиштето од источната страна; седумпати да попрска од крвта со прстот свој пред очистилиштето.

15Тогаш да го заколе козелот пред Господа – жртва поради грев на народот, и да внесе од крвта негова зад завесата, и со неа да направи исто што направи со крвта од телето, и да попрска врз очистилиштето и спрема очистилиштето,

16и да го очисти светилиштето од нечистотиите на синовите Израилеви и од неправдите нивни, и од сите нивни гревови. Така треба да постапи тој и со скинијата на сведоштвото, која е меѓу нив, среде нечистотиите нивни.

17Кога влегува во светилиштето треба да се помоли, и си додека тој не излезе, никој да нема во скинијата, а и да се помоли за себе, за домот свој и за целото општество на Израилот.

18Потоа ќе пристапи пред жртвеникот, што е пред Господа, и ќе се помоли над него и ќе земе од крвта на телето и од крвта на козелот, и ќе го помаже роговите на жртвеникот наоколу,

19и ќе попрска со прстот свој од крвта седумпати, за да го очисти и освети од нечистотиите на синовите Израилеви.

20Па, откако ќе ги очисти светилиштето, скинијата на сведоштвото и жртвеникот и откако ќе ги очисти свештениците, ќе го приведе живиот козел.

21Потоа да ги положи Арон двете свои раце врз главата на живиот козел, да ги исповеда над него сите беззаконија на синовите Израилеви, и сите нивни престапи, и сите нивни гревови, и да ги стави врз главата на живиот козел, и да го пушти преку раката на определен човек во пустињата;

22и козелот ќе ги понесе врз себе сите нивни беззаконија во непроодна земја; и да го пушти козелот во пустињата.

23Тогаш Арон да влезе во скинијата на сведоштвото, да ја соблече ленената облека, во која беше облечен при влегувањето во светилиштето, и таму да ја остави,

24и да го измие телото свое со вода на свето место, да ги облече своите алишта, па, штом ќе излезе, да принесе сепаленица за себеси и за сиот народ, да се помоли за себе, за домот свој, за народот и за свештениците;

25лојот пак од жртвата за грев да го принесе врз жртеникот.

26А оној, што ќе го одведува козелот за отпуштање, да ја испере облеката своја, да го измие телото свое со вода, и по сето тоа може да влезе во населбата.

27А телето за грев и козелот за грев, чија крв се внесува во светилиштито за очистување, да ги изнесат надовор од населбата, и да ги изгорат на оган кожите нивни, месото нивно и нечистотиите нивни;

28оној, пак, што ќе ги пали, да ги испере алиштата свои и да го измие телото свое со вода, и тогаш ќе може да влезе во населбата.

29И тоа да ви биде вечен закон: во седмиот месец, на десетиот ден од месецот, смирувајте ги душите ваши, и никакава работа да не вршите, ни вие, нити придојдените, населени меѓу вас,

30зашто во тој ден ќе се помоли за вас за да ве очисти од сите ваши гревови пред Господа, и ќе бидете чисти;

31тоа да биде сабота над саботите; смирувајте ги душите ваши – тоа ќе биде вечен закон.

32Ако се помоли оној свештеник што ќе биде помазан и посветен да свештенодејствува место татка си: нека облекува ленена облека, облека света;

33и да ги очисти свјатаја свјатих и скинијата на сведоштвото, и жртвеникот да го очисти, и да се помоли за свештениците и сиот собран народ.

34Ова да биде за вас вечен закон: и да се помоли за синовите Израилеви еднаш годишно поради сите нивни гревови, како што му заповеда Господ на Мојсеја.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help