4 Царства 15 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Во Јудеја владеат царевите Азариј и Јоатам, а кај Израилците – Захариј, Селум, Менаим и Факиј.

1Јудејскиот цар Азариј, син Амасиев, стана цар во дваесет и седмата година на израилскиот цар Јеровоама.

2Тој беше на шеснаесет години кога стана цар, и педесет и две години царуваше во Ерусалим. Мајка му се викаше Јехолија, од Ерусалим.

3Тој го вршеше она, што беше угодно во очите на Господа, токму како што постапуваше татко му Амасиј.

4Само идолските светилишта не беа урнати: народот сѐ уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта.

5Господ го порази царот, и тој беше болен од лепра до денот на смртта своја и живееше во посебен дом. А царевиот син Јотам беше управник над дворот и му судеше на народот во земјата.

6Другите дела на Азарија и сѐ што тој извршил, е опишано во летописите на јудејските цареви.

7И почина Азариј при татковицте свои, и го погребаа при татковците негови во Давидовиот град. А место него стана цар синот негов Јотам.

8Захариј, синот на Јеровоама, стана цар над Израилот во Самарија во триесет и осмата година на јудескиот цар Азарија и царуваше шест месеци.

9Тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, како што правеа татковците негови: не отстапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, кој го беше навел во грев Израилот.

10Селум, синот Јависов, се побуни против него, го удри пред народот и ги уби, па стана цар место него.

11Другото за Захарија е опишано во летописите на израилските цареви.

12Такво беше словото на Господа, што Он му го беше кажал на Јуја, велејќи: »Синовите твои ќе седат на Израилскиот престол до четвртиот род.« Така и стана.

13Јависовиот син Селум стана цар во триесет и деветтата година на јудејскиот цар Азарија и царуваше во Самарија еден месец.

14Тогаш Менаим, синот на Гадија од Терса, тргна и дојде во Самарија, го уби Јависовиот син Селум во Самарија, го усмрти и стана цар место него.

15Другите работи на Селума и побуната негова, што тој ја изведе, опишани се во летописите на израилските цареви.

16Менаим го порази Терса и сите, што беа во него и во пределите негови, почнувајќи од Терса, поради тоа што градот не ги отвори портите, го разби, и сите напразни жени во него ги распори.

17Менаим, синот Гадиев, стана цар над Израилот во триесет и деветтата година на јудејскиот цар Азарија и царуваше десет години во Самарија;

18тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа; не отстапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, кој го беше навел во грев Израилот, во текот на сите негови денови.

19Тогаш асирскиот цар Фул ја нападна замјата Израилева. И Менаим му даде на Фула илјада таланти сребро, за да му помогне да го зацврсти царството во своја рака.

20Менаим го зеде тоа сребро од Израилците, од сите богати луѓе, по педесет сикли сребро од секој човек, за да ги даде на асирскиот цар. И се врати назад асирскиот цар, и не остана таму во земјата.

21Другите дела на Менаима и сѐ што тој беше извршил, опишани се во летописите на израилските цареви.

22И почина Менаим при татковците свои. А место него стана цар синот негов Факиј.

23Менаимовиот син Факиј стана цар над Израилот во Самарија во педесеттата година на јудејскиот цар Азарија и царуваше две години.

24И тој го вршеше, она што не беше угодно пред очите на Господа; не отстапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, што го беше навел Израилот во грев.

25Против него се побуни Факиј, синот на Ремалија, негов војвода, го нападна во Самарија, близу царскиот дом, со Аргов и Ариј, имајќи со себеси и педесет души галадци, го уби и стана цар место него.

26Другите работи на Факија и сѐ што беше извршил, опишани се во летописите на израилските цареви.

27Ремалиевиот син Факиј стана цар над Израилот во Самарија во педесет и втората година на јудејскиот цар Азарија и царуваше дваесет години;

28Тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа: не отстапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, што го беше навел во грев Израилот.

29Во дните на израилскиот цар Факија дојде асирскиот цар Теглатфеласар, го презеде Јон, Аваел-Вет-Маха, Јанох, Кедес, Асор, Галад, Галилеја и целата Нафталимова земја, и ги пресели жителите нивни во Асирија.

30Осиј, синот Илин, се побуни против Ремалиевиот син Факија, го удри и го уби, па стана цар место него во давесеттата година на Озиевиот син Јоатам.

31Другите дела на Факија и сѐ што тој беше извршил, опишани се во летописите на израилските цареви.

32Јоатам, синот на јудејскиот цар Озија, стана цар во втората година на Рамаилевиот син Факија, цар израилски;

33тој беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим шеснаесет години. Мајка му се викаше Јеруса, Садокова ќерка.

34Само тој го вршеше она, што беше угодно пред очите на Господа: во сѐ постапуваше така, како што постапуваше таткото негов Озиј.

35Но идолските светилишта не беа срушени: народот сѐ уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта. Тој ги изгради горните порти при домот Господов.

36Другите дела на Јоатама и сѐ, што тој беше извршувал, опишани се во летописите на јудејските цареви.

37Во тие денови Господ почна да го испраќа во Јудеја сирискиот цар Расоне и Рамалиевиот син Факија.

38И почина Јоатам при татковците свои, и би погребан при татковците свои во градот на таткото свој Давида. А место него стана цар синот негов Ахаз.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help