1Потоа царот Артаксеркс ѝ наметна данок на земјата и на морските острови.
2Сите дела на силата негова и моќта негова и подробниот приказ за големината на Мардохеја, со која царот го возвеличи, се запишани во книгата за дневни белешки на мидиските и персиските цареви,
3како и тоа, дека Јудеецот Мардохеј беше втор по царот Артаксеркс, велик кај Јудејците и љубен од многу свои браќа, зашто му го мислеше доброто на својот народ и говореше за доброто на целото свое племе.
4И рече Мардохеј: »Од Бога стана тоа, зашто се сетив на сонот, што го видов за тие настани; од него не остана ништо неисполнето. Малиот извор стана река, и стана светлина и сонце и голема вода; таа река е Естира, која царот ја зеде за своја жена и ја направи царица. А двете змии – тоа сме јас и Аман; народите – тоа се тие, што се беа заканиле да го истребат името на Јудејците, а мојот народ – тоа се Израилците, кои повикаа кон Бога и беа спасени. И го спаси Господ Својот народ, и нѐ избави Господ од сите тие лошотии; направи Бог чуда и чудеса големи, каде што не станувале меѓу незнабошците. Така Бог устрои два жреба – едниот за Божјиот народ, а другиот за сите незнабошци; и излегоа тие два жреба во час и време и во ден суден пред Бога и пред сите незнабошци. И се сети Господ за Својот народ и ги оправда Своите наследници. Затоа ќе се празнуваа тие дни во месецот Адар, во четиринаесеттиот и петнаесеттиот ден на тој месец, со свеченост, со радост и веселба пред Бога во вечни родови на народот Негов Израилот.« Во четвртата година од царувањето на Птоломеја и Келопатра Доситеј, кој, велат, вил свештеник и левит, и Птоломеј, син му, го донесоа во Александрија ова послание за Пурим, кое, велат, го протолкувал Лисаимах, Птоломеев син, кој беше во Ерусалим.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
