Книга Естир 9 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Јудејците ги уништуваа своите непријатели и установување на новиот празник Пурим.

1Во дванаесеттиот месец, во месецот Адар, на тринаесеттиот ден, кога дојде време да се исполни заповедта на царот и на неговата повелба, во тој ден, кога непријателите на Јудејците, се надеваа да ја земат власта над нив, Јудејците ја зедоа власта над своите непријатели, –

2се собраа Јудејците во градовите свои по сите области на царот Артаксеркс, да стават рака врз своите напријатели, и никој не можеше да устои пред лицето нивно, затоа што стравот од нив ги беше опфатил сите народи.

3И сите кнезови по областите и сатрапите и обласните намесници и извршители на царските дела ги помагаа Јудејците, зашто ги беше опфатил страв од Мардохеја.

4Оти Мардохеј беше силен во царскиот дом, и славата негова се пренесуваше по сите области, бидејќи тој човек, Мардохеј, се издигаше сѐ повеќе и повеќе.

5Јудејците ги погубуваа сите свои непријатели, убивајќи ги со меч, ги умртвуваа и ги истребуваа; и постапуваа со непријателите свои по своја волја.

6Во престолнината Суза убија и истребија петстотини души;

7и Фарсана и Нестана, и Делфона, и Фасгана,

8и Фардатана, и Вареа, и Сарвакана,

9и Мармасима, и Руфеја, и Арсеја, и Завутетама –

10десетте синови на Амадатовиот син Аман, непријател на Јудејците, ги убија, но за грабеж рака не подадоа.

11Во истиот ден му го соопштија на царот бројот на убиените во престолнината Суза.

12Тогаш ѝ рече царот на царицата Естира: »Во престолнината Суза Јудејците убија и истребија петстотини души и десетмина Аманови синови; а што ли извршиле во другите царски области? Каква е твојата желба? И таа ќе биде удоволена. И каква е уште твојата молба? И таа ќе биде исполнета.«

13Естира му одговори: »Ако му е на царот угодно, нека им биде дозволено на Јудејците во Суза, да го вршат истото и утре, она што беше денес, и десетте Аманови синови да бидат обесени на бесилка.«

14Царот заповеда да се направи така. Затоа беше издадена повелба во Суза, и ги обесија десетте Аманови синови.

15Се собраа Јудејците, што беа во Суза, исто така и на четиринаесеттиот ден од месецот Адар и убија во Суза триста души, но за грабеж рака не пуштија.

16И другите Јудејци, кои се наоѓаа во царските области, се собраа да го заштитуваат животот свој и да бидат спокојни од своите непријатели, па убија од непријателите седумдесет и пет илјади, но за грабеж рака не пуштија.

17Тоа стана на тринаесеттиот ден од месец Адар, и на четиринаесеттиот ден од тој месец тие се успокоија и направија ден за гозби и веселби.

18А Јудејците, што беа во Суза, се собраа на тринаесеттиот ден и на четиринаесеттиот ден, а на петнаесеттиот ден се успокоија и ги направија ден за гозби и веселби.

19Затоа Јудејците селани, што живееја во неутврдени села, го поминуваат четиринаесеттиот ден на месец Адар во веселби и гоштевки, како празник, и заемно си испраќаат подароци; а оние што живеат во утврдените градови, го поминуваат и петнаесеттиот ден на Адар во добра веселба и им испраќаат подароци на блиските.

20Мардохеј ги опишта тие настани и испрати писма до сите Јудејци во областите на царот Артаксеркс, до блиските и далечните,

21за да установат да го празнуваат секоја година четиринаесеттиот ден од месецот Арад и неговиот петнаесетти ден,

22како дни, во кои Јудејците се успокоија од своите непријатели, и како таков месец, во кој се претвори кај нив жалоста во радост и тагата – во празник, – за да ги направат дните за гоштевки и веселби, при што заемно да си испраќаат подароци и дарови на сиромасите.

23Јудејците го примија тоа, кое веќе сами беа почнале да го вршат и за кое им пиша Мардохеј,

24дека Вугеецот Аман, Амадатов син непријател на сите Јудеци, мислеше да ги погуби Јудејците и фрлаше жреб, за да ги истреби и погуби,

25и како Естира отиде кај царот, и како царот заповеда со ново писмо, зласторничкиот план на Амана, што беше намислил за Јудејците, да се сврти против главата нивна, и да го обесат него и синовите негови.

26Затоа и ги нарекоа тие дни Пурим, од зборот пур – жреб. Ете зошто, согласно со сите зборови од тоа писмо и со она, што сами го видоа и пропатија,

27Јудејците установија и примија за себеси и за децата свои и за сите, што се присоединуваа кон нив, неодменливо да ги празнуваат тие два дена, според заповеданото за нив и на времето нивно, секоја година;

28и да бидат тие дни за сеќавање и празнувани во сите родови, во секое племе, во секоја област и во секој град; а тие дни Пурим да не се менуваат кај Јудејците, па споменот за нив да не исчезне кај децата нивни.

29Напиша и царицата Естира, ќерка Авихаилова, и Јудеецот Мардохеј, најупорно, да го исполнуваат тоа ново писмо за Пурим;

30и испратија писмо со зборови за мир и правда до сите Јудејци во сто и дваесет и седум области на царот Артаксеркс,

31за да ги пазат постојано тие дни Пурим за времето нивно, како што ги установија за нив Јудеецот Мардохеј и царицата Естира и како што тие сами ги определија за себеси и за децата свои, во дните на пост и плачење.

32Така заповедта на Естира ја потврди таа наредба за Пурим, а таа се запиша и во книгата.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help