Псалми 143 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Молитва за помош во борба и победа.

1Нека е благословен Господ, Бог мој, Кој ги учи рацете мои за борба и прстите мои за војна.

2Он е милост моја и прибежиште мое, мој застапник и избавител мој – и јас на Негосе надевам. Он ми го потчинува мојот народ мене.

3Господи, што е човекот, па внимаваш на него, или син човечки – та да се сеќаваш на него.

4Човекот е како здив; дните негови одминуваат како сенка.

5Господи, приклони ги небесата Свои и слези; допри се до горите, и тие ќе се здимат;

6болсни со молњи и ќе ги растераш, пушти ги стрелите Свои и ќе ги збуниш;

7подај ја раката Твоја од височини, изведи ме и избави ме од многуте води, од рацете на туѓински синови,

8чии усти кажуваат суета и чија десница е десница на неправдата.

9Боже, нова песна ќе Ти испеам, ќе Ти свирам на харфа со десет жици.

10Ти им даруваш спасение на царевите, Ти го избави Твојот слуга Давида од остар меч.

11Избави ме и отми ме од рацете на туѓинските синови, чии усти лага говореа и чија десница е десница на неправдата.

12синовите наши се како нови насади во младоста своја, нашите ќерки се накитени и украсени како столбови во храмот.

13Полни се житниците наши, во изобилите со секаква храна; се плодат овците наши по пасиштата свои.

14И воловите ни се угоени, па нема паѓање не оградите, ни премин, ниту офкање по улиците наши.

15Блажен е оној народ, велатлуѓето, кој го има тоа! Блажен е оној народ, на кого Господ му е Бог!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help