1Ете тоа се населбите на синовите Израилеви, што излегоа од Египетската земја според својот состав, под водството на Мојсеја и Арона.
2По заповедта на Господа Мојсеј го опиша нивните патувања и престојувањата нивни, и еве ги престоите на нивното патување.
3Од Рамзес тие тргнаа во првиот месец, на петнаесеттиот ден од првиот месец, – утрината по Пасха излегоа синовите Израилеви под висока рака пред очите на сите Египтјани;
4а во тоа време Египтјаните ги погребуваа сите првородени, што ги порази Господ меѓу нив, и над боговите нивни Господ беше извршил суд.
5Така тргнаа синовите Израилеви од Рамзес и се сместија во Сокхот.
6Потоа појдоа од Сокхот и се сместија во Вутан, кој е дел од пустињата.
7Се кренаа од Вутан, и се упатија при изворот Ирот, кој е спроти Веелсепфан, и се сместја спрема Мигдол.
8Откога тргнаа од Ирот, минаа преку морето во пустињата, и патуваа три дена по пустињата, и се сместија во Мера.
9И се кренаа од Мера, пристигнаа во Елим; а во Елим имаше дванаесет водни извори и седумдесет финикови дрвја, и таму се сместија до водите.
10Потоа појдоа од Елим и се сместија крај Црвеното Море.
11И тргнаа од Црвено Море и се сместија во пустињата Син.
12Па се кренаа од пустињата Син и се сместија во Рафак.
13Од Рафак заминаа и дојдоа во Елус.
14Тргнаа од Елус и се сместија во Рафидин, а таму немаше вода да пие народот.
15Појдоа од Рафидин и се сместија во Синајската пустиња.
16Заминаа од Синајската пустиња и се сместија покрај гробовите на страстите.
17Тргнаа од гробовите на страстите и се сместија во стан на Асирот.
18Од Асирот појдоа и се сместија во Ратам.
19Потоа се кренаа од Ратам и се сместија во Ремнон-Фарес.
20Појдоа од Ремнон-Фарес и се сместија во Лемнон.
21Од Лемнон заминаа и се сместија во Ресан.
22Тргнаа од Ресан и се сместија во Макелата.
23Се кренаа од Макелата и се сместија во Арсафат.
24Тргнаа од планината Арсафат и се сместија во Харад.
25Тргнаа од Харад и се сместија во Макидад.
26Од Макидад се кренаа и се сместија во Катад.
27Тргнаа од Катад и се сместија во Тарад.
28Појдоа од Тарад и се сместија во Мадек.
29Заминаа од Мадек и се сместија во Аселнон.
30Од Аселнон тргнаа и се сместија во Масурут.
31Тргнаа од Масурут и се сместија во Банакан.
32Заминаа од Банакан и се сместија во гората Гадад.
33Се кренаа од гората Гадат и се сместија во Етеват.
34Појдоа од Етеват и се сместија во Еврон.
35Тргнаа од Еврон и се сместија во Гесион-Гавер.
36Од Гесион-Гавер тргнаа и се сместија на стан во пустињата Син, па се кренаа од пустињата Син, и се сместија во пустињата Фаран, која е и Кадес.
37Појдоа од Кадес и се сместија во планината Ор, близу до земјата Едомска.
38Тогаш по заповед на Господа свештеникот Арон се искачи на планината Ор и умре таму на четириесеттата година по излегувањето на синовите Израилеви од Египетската земја, во петтиот месец, на првиот ден од месецот;
39Арон имаше сто и дваесет и три години кога умре на планината Ор.
40Тогаш царот на Арад, еден од хананските цареви, кој живееше на југ во Хананската земја, чу, дека идат синовите Израилеви.
41И тие тргнаа од планината Ор и се сместија во Селмон.
42Појдоа од Селмон и се сместија во Финон.
43Се кренаа од Финон и се сместија во Овот.
44Потоа заминаа од Овот и се сместија во Гај, од спротива на пределите Моавски.
45Тргнаа од Гај и се сместија во Девон-Гад.
46Појдоа од Девон-Гад и се сместија во Гелмон-Девлатаим.
47Се кренаа од Гелмон-Девлатаим и се сместија во Аваримската гора спроти Навав.
48Тргнаа од Аваримската планина и се сместија во западен Моав, крај Јордан, спроти Јерихон;
49и се кренаа од западен Моав, па се сместија во Јордан меѓу Есимот и Велсатим во западен Моав.
50Тогаш му рече Господ на Мојсеја во западен Моав, во Јордан кај Јерихон, велејќи:
51»Кажи им на синовите Израилеви и речи им: кога ќе минете од оваа страна на Јордан во Хананската земја,
52погубете ги од пред себе сите жители на оваа земја, разрушете ги сите нивни храмови и сите излеани идоли, разрушете ги и сите нивни жртвеници, разорете ги;
53погубете си живо во таа земја и завладејте ја и населете се во неа, зашто Јас ви ја давам таа земја да ја владеете;
54и поделете ја земјата со жреб на делови меѓу вашите племиња: на многубројните дајте им поголем дел, а на малубројните дајте им помал дел; како кому ќе му се падне жребот, таму да му биде и делот; земете си делови според родовите на таткоците ваши.
55Ако, пак, не ги поразите од пред себе жителите на земјата, тогаш оние што ќе останат, ќе бидат трн во очите ваши и бодила во слабините ваши и ќе ве притеснуваат во земјата каде што ќе живеете,
56и тогаш, она што мислев да им го направам ним, ќе ви го направам вам.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.