1Браќа, не сакам да не знаете дека татковците наши сите беа под облак и сите минаа преку морето;
2и сите во Мојсеја се крстија во облакот и во морето;
3и сите јадеа иста духовна храна;
4и сите пиеја исто духовно пиење; оти пиеја од духовниот камен, што идеше по нив; а каменот беше Христос.
5Но повеќето од нив не беа по волјата Божја, бидејќи загинаа во пустињата.
6А тоа беа примери за нас, за да не бидеме похотливи на злото, како што тие беа похотливи.
7Не станувајте ниту идолослужители, како некои од нив, за кои е напишано: »Народот седна да јаде и да пие, па стана да игра«.
8Ниту, пак, да блудствуваме, како некои од нив што блудствуваа, и во еден ден загинаа дваесет и три илјади.
9Ни, пак, да го искушуваме Христа, како што некои од нив Го искушуваа, и загинаа од змии.
10Не роптајте, како што некои од нив роптаа, па загинаа од Истребителот.
11Сето тоа стануваше, та да служат како пример, а беше напишано за поука на нас, до кои стигна крајот на вековите.
12Затоа, кој мисли дека стои, нека гледа да не падне.
13Друго искушение вас не ве постигна, освен човечкото; но верен е Бог, Кој нема да позволи да бидете искушувани повеќе од силата ваша, а заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да трпите.
14Затоа, возљубени мои, одбегнувајте го служењето на идолите.
15Ви зборувам како на мудри: расудете сами за ова што ви го кажувам.
16Чашата на благословот, која ја благословуваме, не е ли општување со крвта Христова? Лебот што го кршиме, не е ли општување со телото Христово?
17Бидејќи лебот е само еден, едно тело сме ние многуте, зашто сите се причестуваме од еден леб.
18Гледајте го Израилот по тело: оние, што јадат од жртвите, не се ли во заедница со жртвеникот?
19Па што да речеме? Тоа ли дека идолот е нешто, или дека идолските жртви се нешто?
20Не! Но она што го принесуваат незнабошците како жртва, го принесуваат на бесови, а не на Бога; јас, па, не сакам да бидете во заедница со бесовите.
21Не можете да пиете од Господова чаша и од бесовска чаша; не можете да учествувате на Господовата трпеза и на бесовската трпеза.
22Или, пак, ќе побудиме ревнување во Господа? Та посилни ли сме од Него?
23Сѐ ми е позволено, но не е сѐ полезно; сѐ ми е позволено, но не е сѐ за поука.
24Никој нека не ја бара својата полза, туку ползата на ближниот.
25Сѐ, што се продава на пазар, јадете без какво и да било испитување поради совеста;
26зашто »Господова е земјата и она што ја исполнува«.
27Ако ве покани некој од неверните и вие посакате да отидете, јадете сѐ, што ќе ви изнесат, без никакво испитување, поради совеста.
28Но, ако некој ви рече: тоа е идолска жртва, не јадете – заради оној, што ви го рекол тоа, и поради совеста; зашто Господова е земјата и она, што ја исполнува.
29Но не зборувам за совеста твоја, туку на друг; оти, бива ли мојата слобода да биде судена од туѓа совест?
30Ако, пак, во јадењето учествувам со благодарност, зошто да бидам хулен поради тоа, за кое благодарам?
31И така, јадете ли, пиете ли, или нешто друго правите, сето тоа правете го за слава Божја.
32Не станувајте соблазан ни за Јудејците, ни за Елините, ниту за црквата Божја,
33како што и јас им угодувам на сите во сѐ и не ја барам својата полза, туку користа на многуте, за да се спасат тие.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.