Броеви 35 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

За градовите на левитите.

1И му рече Господ на Мојсеја во западен Моав при Јордан, спроти Јерихон, велејќи:

2»Заповедај им на синовите Израилеви да им дадат со жреб на левитите од добиените делови во владение свое градови за живеење, и поле околу градовите дајте им на левитите;

3во градовите ќе живеат тие, а полето ќе биде за добитокот нивни, и за сите нивни четвороножни животни.

4Полето околу градовите, што ќе им го дадете на левитите, треба да се простира од градскиот ѕид две илјади лакти наоколу.

5И измерете надвор од градот, откај исток две илјади лакти, откај страната на југ две илјади лакти, и страната откај морето две илјади лакти, откај север две илјади лакти, а во средината да биде градот; такво ќе им биде полето околу градовите.

6Меѓу градовите што ќе им ги дадете на Левитите, шест града нека има за засолниште, каде што ќе дозволите да избегаат оние што убиле; и освен нив дајте четириесет и два града:

7сите градови, што ќе им ги дадете на Левитите, да бидат четириесет и осум града со поле околу нив.

8И кога ги давате градовите од владението на синовите Израилеви, давајте од поголемото – повеќе, од помалото помалку; според наследството свое, што ќе го добие, нека им даде од своите градови на Левитите.«

9И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

10»Кажи им на синовите Израилеви и речи им: ‚кога ќе минете преку Јордан во Хананската земја,

11разделете си градови, што ќе ви бидат градови прибежишта, каде што би можел да избега убиец, кој убил ненамерно.‘

12И тие градови нека ви бидат засолниште од одмаздникот за крв, та да не биде погубен оној, што го извршил убиството, пред да излезе на суд пред народот.

13А градовите, што ќе ги дадете, градовите за засолништа, треба да бидат шест:

14три града дајте од оваа страна на Јордан и три града дајте во Хананската земја; тие треба да бидат градови прибежишта.

15Тие шест градови да бидат засолништа за синовите Израилеви, за придојдениот и за преселениот меѓу вас, за да избега во нив секој, кој убил човек не сакајќи.

16Ако некој удри некого со железно орудие и тој умре, тој е убиец: убиецот да биде убиен;

17и ако некој удри некого со камен од рака, и тој умре од каменот; тој е убиец, убиецот да биде убиен;

18или ако удри со дрвено орудие од рака, па тој од тоа умре, тој е убиец, убиецот да биде умртвен.

19Одмазникот за крв сам може да го убие убиецот: штом ќе го сретне, може сам да го умртви.

20Ако некој турне некого од омраза, или со умисла фрли на него нешто, така што тој да умре,

21или од завист го удри со рака, па тој умре, тогаш оној што удрил да биде убиен, тој е убиец; одмаздникот за крв може да го умртви убиецот, штом ќе се сретне со него.

22Ако го турне, не сакајќи, и без непријателство, или фрли на него нешто без умисла,

23или, без да види, откачи некој камен одозгора, што може да предизвика смрт, така што оној умре, но тој не му бил непријател и не му мислел зло,

24тогаш народот да го реши делото меѓу убиецот и одмаздникот за крв според оваа наредба;

25и народот да го спаси убиецот од раката на одмазникот за крв, и да го врати во градот на неговото засолниште, каде што избегал тој, за да живеее таму до смртта на големиот свештеник, кој е помазан со свет елеј.

26Ако убиецот излезе надвор од градот за засолнување, каде што избегал,

27па одмаздникот за крв го сретне надвор од границата на градот прибежиште и го убие, нема да биде виновен за крвнина,

28зашто оној треба да живее во градот на засолништето свое до смртта на големиот свештеник, а по смртта на големиот свештеник убиецот ќе може да се врати во земјата на имотот свој.

29Тоа да ви биде законска наредба во поколенијата ваши, по сите ваши живеалишта.

30Секој што ќе убие човек убиецот да биде пред свидетели; но еден сведок не е доволен за осудување на смрт.

31И не земајте откуп за душата на убиецот, кој е виновен за смртта, него предавајте го на смрт.

32И не земајте откуп за избеган во засолнички град, за да му дозволите да живее во земјата своја, си до смртта на великиот свештеник.

33На убивајте на земјата, на која живеете; зашто крвта ја осквернува земјата, и земјата не се чисти од пролеаната крв врз неа поинаку, освен со крвта на оној, што ја пролеал.

34Да не ја осквернувате земјата, на која живеете, во која помеѓу вас се вселив и Јас; зашто Јас сум Господ, Кој се всели меѓу синовите Израилеви.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help