Мудрост Сирахова 33 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Нееднаквост и независност.

1Кој има страв од Господа, зло нема да го снајде; од искушение Тој го избавува.

2Мудриот не го мрази законот, а кој лицемерно го држи – тој е како брод во олуја.

3Разумен човек во законот се надева и законот за него е како Божја волја.

4Подготви го говорот твој, тогаш ќе те слушаат; собери знаење – тогаш одговарај.

5Срцето на глупавиот е како тркало од кола, а мислата негова, како оска што се врти.

6Пријател лицемерен е како буен коњ; кој и да го јавне – на секого 'ржи.

7Зошто еден ден од друг е подобар, кога на сите денови во годината од сонцето им доаѓа светлина?

8Разделени се од премудроста на Господа; Тој одделил времиња и празници.

9Некои од нив издигнал и осветил, а другите ги вброил во обичните денови.

10И сите луѓе се од кал, па Адам од земја беше создаден.

11Но по премудроста Своја Господ различни ги создал: на сите различни патишта им определил;

12едни благословил и издигнал, други осветил и до Себе ги приближил, а трети проколнал и понизил, и од нивните места ги изместил.

13Како што е глината во рацете на грнчарот и тој ѝ дава облик по своја волја, така се и луѓето во рацете на својот Создател, Кој на сите им дава според Својот суд.

14Како што спроти злото стои доброто, а спроти смртта – животот, така спроти побожниот стои грешникот. Така гледај ги сите дела на Севишниот: сите се по две, едно спроти друго.

15Јас последен се свестив како оној што бере по гроздоберачи,

16и со Божји благослов како вистински гроздоберец бочвата моја ја наполнив.

17Сфатете не се трудев само за мене, туку за сите коишто бараат поука.

18Чујте ме, кнезови народни, послушајте ме на собирот началници!

19Ни на жена, ни на син, ни на брат, ниту на пријател не давај им власт над тебе – додека си жив.

20На друг не давај го имотот свој, па ако се премислиш – да молиш да ти го вратат.

21Додека си жив, додека здив има во тебе, власт над себеси никому не давај;

22подобро е децата твои тебе да те молат, отколку ти да гледаш во рацете на твоите синови.

23Биди господар во сите твои работи; не дозволувај твојата чест извалкана да биде.

24Н крајот од твојот живот, на смртниот час – предај го наследството.

25На магарето давај му: крма, стап и товар, а на слугата – леб, казна и работа.

26На слугата дај му работа, и спокоен ќе бидеш; слободни раце дај му – слобода ќе бара.

27Јаремот и амот му го свиваат вратот на волот, за лошиот слуга се вериги и рани.

28Праќај го на работа – мрзлив да не биде; мрзливоста учи на лоши работи.

29Дај му работа што му одговара, а ако не слуша, стави го во окови,

30но никого од нив не претоварувај; не прави ништо што е неразумно.

31Ако имаш слуга, гледај го како себеси, бидејќи со крв си го придобил.

32Имаш ли слуга, постапувај со него како со брат; од него потреба ќе имаш – како и од својата душа.

33Ако го измачуваш, па ти избега, по кој пат ќе го бараш?

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help