Псалми 111 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Блажени се оние кои се бојат од Бога и кои се милостиви.

1Блажен е оној човек, кој се бои од Господа и кому му се мили Неговите заповеди.

2Неговото потомство ќе биде силно на земјата; родот на праведните ќе биде благословен.

3Слава и богатство ќе има во неговиот дом; и правдата негова ќе преуспева вечно.

4На праведните во темнина им изгрева светлина од Добриот и Милостивиот.

5Добриот човек е дарежлив и на заем дава; во судот тој уверливо ќе ги потврди зборовите свои;

6и никогаш нема да се разниша; праведниот останува во вечен спомен.

7Од лоши гласови нема да се уплаши; срцето му е спремно, зашто се надева во Господа.

8Срцето му е цврсто: тој нема да се уплаши, кога – годе ќе погледне во напријателите свои.

9Тој растура, дава на сиромаси; правдата негова останува вечно; неговиот рог ќе се возвиши во слава.

10Грешниот, кога ќе го види тоа, ќе се јадосува, ќе крцка со забите свои и ќе се топи. Желбата на грешникот пропаѓа.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help