3 Царства 17 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Пророк Илија ја најавува Божјата казна; за чудото со лебот и со зејтинот; за воскреснувањето на синот на вдовицата.

1И пророкот Илија, Тесвитец од Галадските жители, му рече на Ахава: »Жив Господ, Бог Израилев, пред Кого стојам! Во овие години нема да има ниту роса, ниту дожд, освен според мојот збор.«

2Потоа Господ му рече:

3»Тргни се оттука, сврти се кон исток и сокриј се при потокот Хорат, кој е спроти Јордан;

4од тој поток ќе пиеш, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму.«

5И тој отиде и постапи според словото Господово; отиде и остана при потокот Хорат, кој е спроти Јордан.

6И гавраните му донесуваа леб и месо наутро, леб и месо навечер; а пиеше од потокот.

7По извесно време потокот пресуши, бидејќи немаше дожд за земјата.

8Тогаш Господ му рече:

9»Стани, оди во Сарепта Сидонска и остани таму. Јас ѝ заповедав таму на една жена вдовица да те храни.«

10И стана тој, па отиде во Сарепта. Кога дојде при градските порти, ете, таму една вдовица жена собира дрва. Тој ѝ се обрати и ѝ рече: »Донеси му малку вода во сад да пијам!«

11Таа отиде, за да земе, а тој повика по неа и рече: »Донеси ми в раце и парче леб!«

12Таа му одговори: »Жив ми Господ, твојот Бог, нема ништо печено, туку имам само грст брашно во ноќвите и малку масло во масларникот; и, ете, јас ќе соберам две – три дрвца, ќе отидам и ќе го приготвам тоа за себеси и за синот свој; ќе го изедеме тоа и ќе умреме.«

13А Илија ѝ рече: »Не плаши се; оди и направи го она што го рече; но најнапред направи од тоа мала пресна питка за мене и донеси ми; а за себеси и за синот свој ќе направиш после;

14зашто вака вели Господ, Бог Израилев: ‚брашното во ноќвите нема да сврши, и маслото во масларникот, нема да се намали до оној ден, во кој Господ ќе даде дожд на земјата.‘«

15Таа отиде и направи така, како што ѝ рече Илија и таа се хранеше, и тој и синот нејзин извесно време.

16Брашното во ноќвите не се свршуваше, и маслото во масларникот не се намалуваше, според словото на Господа, што Он го изрече преку Илија.

17Потоа се разболе синот на таа жена, на домаќинката, и болеста негова беше толку силна, што не можеше да диши.

18Тогаш таа му рече на Илија: »Што имаш ти со мене, човеку Божји? Си дошол да ми ги наспомниш моите гревови и да го умреш синот мој.«

19А тој ѝ одговори: »Дај ми го синот твој.« И го зеде од рацете нејзини, го однесе во горната соба, каде што живееше го положи на леглото свое;

20па повика кон Господа и рече: »Господи, Боже мој! Зар Ти на вдовицата, при која живеам, ќе ѝ направиш зло, погубувајќи ѝ го синот нејзин?«

21И откако се спружи трипати над момчето, извика кон Господа и рече: »Господи, Боже мој! Нека се врати душата на ова момче во него!«

22И Господ го чу гласот на Илија, му ја врати душата на момчето во него, и тоа оживе.

23Илија го зеде момчето, го симна од горната соба во домот, ѝ го предаде на мајка му и рече: »Еве, син ти е жив!«

24Тогаш жената му рече на Илија: »Сега навистина дознав, дека ти си Божји човек, и дека словото Господово во твојата уста е вистинско.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help