1Таа ги среди нивните работи преку раката на светиот пророк;
2Минува низ ненаселена пустина, во непреодни места шатори поставија;
3им се противставија на непријателите, на своите завидливци им се одмаздија.
4А кога се измачуваа од жед, тие повикаа кон Тебе и вода им беше дадена од стрмна карпа и гаснење на жедта – од тврд камен.
5Зашто, она со што беа казнети нивните непријатели,
6со тоа, кога им беше потребно ним им беше направено добрина:
7место извор од постојано течна вода, разматена со крв што смрди,
8изобличување на нивната заповед за избивање на децата, Ти ин даде изобилна вода;
9тогаш преку жедта им покажа како ги беше казнил нивните непријатели.
10Зашто кога беа на испитување, макар и да беа подлагани на милостивно вразумување, тогаш познаа како се измачуваа осудените во гнев безбожници;
11зашто нив Ти ги испитуваше како татко поучувајќи ги, а оние, како разгневен цар ги осуди и ги измачи.
12И тие што не беа таму и оние што беа – еднакво пострадаа.
13Нив ги постигна двојна мака и воздивнувања од споменот на минатото.
14А кога слушнаа дека она што беше за нив казна ним му се даде тоа како дар, тогаш тие го познаа Господа.
15Од Кого порано, како од отфрлен, се одрекоа со хули, по настаните Му се восхитуваа, откако ја претрпеа нееднаквата жед со праведните.
16А за неразумните помисли на нивната неправда, според кои во заблуда им служеа на неразумните влекачи и презрени чудовишта, Ти, за да ги казниш, им испрати мноштво животни безгласни,
17за да познаат, дека со што некој греши – со тоа и накажуван бива.
18Твојата сесилна рака, која го соѕдаде светот од невообличена материја, можеше да испрати на нив множество мечи и свирепи лавови,
19или непознати новосоздадени лути ѕверови, кои дишат со огнен здив, или исфрлаат облаци дим или фрлаат страшни искри од очите,
20ѕверови страшни, кои не само што би можеле на ужасен начин да ги повредат, туку и страшно да ги погубат.
21А и без сето тоа, тие може да загинат само со еден здив, гонети од Твоето правосудие и уништени од духот на Твојата сила; во Ти сѐ си наредил со број, мерка и тежина.
22Зашто Ти имаш секогаш голема сила, и кој може да се дигне против силата на Твојата мишка?
23Целиот свет е пред Тебе како прашина врз терезија или како капка утринска роса, која паѓа на земјата.
24Ти сите ги милуваш, зашто сѐ можеш; ги проштеваш човечките гревови кога се кајат.
25Ти милуваш сѐ што постои и не се гнасиш од ништо што си го создал; не си сакал да создадеш нешто што би го мразел.
26И како можеше нешто да постои, ако Ти не го сакаше? или како би се ѕапазило она што не е повикано од Тебе?
27Но Ти сѐ запазуваш, зашто сѐ е Твое. Ти, Господи, ги сакаш душите.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.