1Глупавиот човек празни надежи има, од соништата безумните добиваат крилја.
2Каков што е оној што гушка сенка и што ветар гони, таков е и оној што во сонови верува.
3Соништата и огледалото слични се: и во едното и во другото; – привид е.
4Од нечистотоможе ли чисто да биде? Од лагата може ли вистина да биде?
5Баење, претскажување и соништа – сето тоа е суета; срцето се полни со пожелби, како кај родилка.
6Ако не ги праќа Севишниот за вразумување – не мисли на нив.
7Соништата многумина заблудиле; пропаднале и оние што во нив се надевале.
8Закон без измама треба да се извршува; мудроста во устата на верните се усовршува.
9Учениот човек многу знае; кој многу искусил, разумно зборува.
10Кој ништо не искусил, тој малку знае; а кој патувал, многу знаења добил.
11Многу видов на моите патувања и знам повеќе отколку што говорам.
12Многупати бев во опасност смртна, но се спасив со искуството што го имав.
13Духот на оние што страв Господен имаат, ќе живее, зашто нивната надеж е во Оној, Кој ги спасува.
14Кој од Господа страв има, од ништо не се плаши; надежта негова е Господ.
15Блажена е душата на оној кој од Господа има страв! Кој го подржува и Кој му е поткрепа?
16Очите на Господа се врз оние што го љубат; Тој е нивната силна закрила и постојана потпора, брана од горештина и брана од пладневна топлина, заштита од сопнување и заштита од паѓање.
17Тој ја издигнува душата, Тој ги просветлува очите; Тој дава живот, здравје и благослов.
18Кој принесува жртва од придобивка неправедна, дарот е од таков подбив; даровите од беззакониците Господ не ги прифаќа.
19Севишниот не ги сака жртвите безбожнички; со многу жртви гревовите свои нема да ги искупат.
20Каков е оној што жртвува син пред очите на неговиот татко, таков е и оној што принесува жртва од имотот на сиромав.
21Лебот на сиромасите живот е за нив: кој им го одзема – како крв да пролева.
22Кој му ја одзема прехраната на ближниот – тој го убива; а – крв пролева кој на наемникот му ја одзема наградата.
23Ако еден гради, а друг урива, што добиваат за себе освен тешкотии?
24Ако еден се моли, а друг проколнува, чиј глас Господ ќе чуе?
25Ако некој се измие од допир до мртовец и пак се допре до него, од измивањето тогаш каква му е ползата?
26Таков е човекот што пости за направени гревови, и пак оди и ги повторува, – кој ќе ја чуе неговата молитва и каква полза ќе има што се смирил и се покајал?
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
