1Манасиј беше на дванаесет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим педесет години; мајка му се викаше Офовија.
2Но тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, подражавајќи ги лошите работи на оние народи, кои Господ ги беше изгонил од пред лицето на Израилевите синови.
3Тој одново ги подигна идолските светилишта, кои татко му Језекиј ги беше уништил, му подигна жртвеници на Ваала и направи дубрава, како што направи израилскиот цар Ахав; и се клањаше на сета небесна војска и ѝ служеше;
4а изгради жртвеници и во домот Господов, за кого Господ беше рекол: »Во Ерусалим ќе го поставам името Свое.«
5Тој изгради и жртвеници за сета небеска војска во двата двора на домот Господов;
6го пренесе преку оган синот свој, гаташе и врачаше; си набави извикувачи на мртви и маѓесници и изврши многу неугодни работи пред очите на Господа, за да Го разгневи.
7Направи и статуа на Астарта и ја постави во домот, за кој Господ му беше говорел на Давида и на синот негов Соломона; во овој дом и во Ерусалим, што Јас го избрав меѓу синовите Израилеви племиња, го ставам името Свое за секогаш:
8и во иднина нема да ја оставам ногата на Израилот да излезе од земјата, што сум им ја дал на татковците нивни, само ако тие се потрудат да постапуваат според сѐ она, што сум заповедал, и според целиот закон, што им го даде Мојот слуга Мојсеј.
9Но тие не послушаа; и Манасиј ги разврати дотаму, што тие постапуваа полошо и од оние народи, кои Господ ги беше истребил пред лицето на Израилевите синови.
10И говореше Господ преку Своите слуги – пророците, и рече:
11»Поради тоа што јудејскиот цар Манасиј ги изврши тие лоши дела, полоши од сѐ она, што го вршеа Аморејците, кои беа пред него, и го наведе Јуда во грев со своите идоли,
12затоа Господ вели вака: Еве, врз Ерусалим и врз Јуда ќе испратам такво зло, што, кој ќе чуе за него, ќе му писнат и двете уши;
13и ќе го оптегнам над Ерусалим јажето мерник на Самарија и мерката на Ахавовиот дом, и ќе го избришам Ерусалим така, како што се брише сад, – го бришат и го затвораат;
14ќе го оставам остатокот од Моето населедство и ќе ги предадам во рацете на непријателите нивни, и тие ќе бидат разграбгени и пленети од сите свои напријатели,
15поради тоа што го вршеа она, што беше неугодно пред очите Мои и Ме разгневуваа од оној ден, во кој татковиците нивни излегоа од Египет, дури до денес.«
16А при тоа Манасиј пролеа мошне многу невина крв, та го наполни со неа Ерусалим открај докрај, освен својот грев со што го вовлече Јуда во грев, да не врши угодни дела пред очите на Господа.
17Другото за Манасија и за сѐ што тој го извршил, и за гревовите негови, со кои згрешил, е опишано во летописите на јудејските цареви.
18И почина Манасиј при татковиците свои, и беше погребан во градината при домот негов, во градината на Ози. А место него стана цар синот негов Амон.
19Амон беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим две години; мајка му се викаше Месолемет, ќерка Арусова, од Јетва.
20И тој го вршеше, она што не беше угодно пред очите на Господа, така, како што го правеше тоа татко му Манасиј;
21одеше токму по истиот пат, по кој одеше татко му; им служеше на идолите, на кои им служеше татко му, и им се клањаше.
22Тој Го остави Господа, Бога на татковците свои, и не одеше по патот Господов.
23Амоновите слуги се побунија против него и го убија царот во домот негов.
24Но народот на земјата ги уби сите заговореници против царот Амона; и народот на земјата го постави за цар место него синот негов Јосиј.
25Другите дела на Амона што ги извршил тој, е опишано во летописите на јудејските цареви.
26И го погребаа во гробницата негова, во градината на Ози. А место него стана цар син му Јосиј.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.