1И би слово Господово до мене:
2»Сине човечки, изречи пророштво и кажи – вака вели Господ Бог: плачете, ете иде злочест ден.
3Зошто близок е денот, да, близок е денот Господен, денот мрачен; часот на народите иде.
4И ќе тргне меч против Египет и ужас ќе се распространи во Етиопја, кога поразените од Египет ќе паднат, кога ќе го земат богатството негово и кога основите негови ќе бидат разрушени.
5Етиопија, Либија, Лидија, сиот измешан народ и Хуб, како и синовите на заветната земја заедно со нив ќе паднат од меч.
6Така вели Господ Бог, ќе паднат потпорите на Египет и ќе падне гордоста на неговата моќ; од Мигдол до Сиена ќе паѓаат во него од меч, вели Господ Бог.
7И тој ќе се запусти меѓу опустошените земји и градовите негови ќе бидат меѓу опустошени градови.
8И ќе познаат, дека Јас сум Господ, кога ќе го пратам огнот врз Египет и сите негови сили ќе бидат скршени.
9Во оној ден, ќе тргнат од Мене известители со кораби за да ги уплашат безгрижните Етиопјани, и ќе се распространи меѓу нив ужас, како во денот на Египет; оти, ете, тој иде.
10Така вели Господ Бог: на египетскиот многуброен народ ќе му ставам крај преку раката од Навуходоносора, царот вавилонски.
11Тој и народот негов со него, најжестоки меѓу народите, ќе бидат доведени за погибел на таа земја и ќе ги извадат мечевите свои против Египет и ќе ја наполнат земјата со убиени.
12Ќе ги пресушам реките и ќе ја предадам земјата во рацете на лошите и со раката на туѓоземци ќе ја опустошам земјата и сѐ што ја исполнува. Јас, Господ, го реков тоа.«
13Така вели Господ Бог: »Ќе ги истребам идолите и ќе ги уништам лажните богови во Мемфис и во земјата Египетска нема повеќе да има сопственик, и ќе пратам страв во земјата Египетска.
14Ќе го опустошам Патрос, ќе испратам оган, во Соан и ќе одржам суд над Но.
15Ќе ја излијам јароста Своја врз Син, египетската тврдина, и ќе го истребам многубројниот народ во Но.
16Ќе испратам оган врз Египет, ќе затрепери Син и Но ќе биде разрушен. А врз Мемфис ќе нападнат непријателите среде бел ден.
17Младите луѓе од Он и од Бубаст ќе паднат од меч, а другите ќе бидат одведени во ропство.
18И во Тафнис ќе се помрачи денот кога таму ќе го скршам јаремот египетски и ќе се прекрати во него неговата горда моќ. Облак ќе го покрие и ќерките негови во ропство ќе отидат.
19така ќе го пресудам Египет, па ќе познаат дека Јас сум Господ.«
20Во единаесеттата година, во првиот месец, на седмиот ден од месецот, би слово Господово до мене:
21»Сине човечки, Јас веќе ја скршив мишката на Фараонот, египетскиот цар, и ете, таа уште не е преврзана, за да биде излекувана, и не е завиткана со лекарски преврски, од кои би добила сила, за да држи меч.
22Затоа, вака вели Господ Бог: еве Јас сум против Фараонот, египетскиот цар и ќе ги скршам мишките негови, здравата и искршената, така што мечот ќе му падне од рацете негови.
23Ќе ги растурам Египтјаните меѓу народите и ќе ги развеам по земјите.
24А мишките на вавилонскиот цар ќе ги направам јаки, во раката негова ќе му дадам Свој меч; и мишките на Фараонот ќе ги скршам и тој изнаранет ќе офка силно пред него.
25Ќе ги зацврстам мишките на вавилонскиот цар, а мишките на Фараонот ќе отпаднат; и ќе познаат, дека Јас сум Господ Бог, кога ќе му го дадам мечот Свој во раката на вавилонскиот цар, и тој ќе го потегне врз земјата Египетска.
26Ќе ги растурам Египтјаните меѓу народите и ќе ги развеам по земјата, и тие тогаш ќе познаат, дека Јас сум Господ.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.