Исаија 46 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Спасението на Израилот е во Бога.

1Падна Вил, се собори Нево; идолите им се врз добитокот и товарните животни; вашиот товар стана бреме за уморените животни.

2Се навалија, паднаа одеднаш; не можеа да ги зачуваат оние, што ги носеа, и сами паднаа во ропство.

3Послушај Ме, доме Јаковов и сиот остаток од домот Израилев, кого го носам од утробата, кого го држам од раѓањето;

4и до вашата старост Јас ќе бидам Истиот, до вашите бели коси ќе ве носам; Јас ве создадов и ќе ве носам, ќе ве поддржам и ќе ве пазам.

5Со кого ќе Ме изедначите, и ќе Ме споредите? Кого ќе го земете за пример да прилега на Мене?

6Истураат злато од торбичката и премеруваат сребро на терезии, па најмуваат златар, за да направи од него бог, му се клањаат и ничкум паѓаат пред него;

7го креваат на рамо, го носат и го ставаат на местото негово; тој стои, од местото свое не се помрднува; му викаат, – тој не одговара, од неволја не спасува.

8Спомнете си го тоа и покажете се мажи; земете го тоа при срце, отстапници;

9спомнете си за она што било порано, од крајот на векот; земете го тоа при срце, зашто Јас сум Бог и нема друг Бог и нема подобен на Мене.

10Јас го навестувам во почетокот она што ќе биде на крајот, од старо време она што уште не станало, па велам: »Мојата одлука ќе се изврши, и сѐ што Ми е угодно – ќе го направам.«

11Јас го повикав орелот од исток, од далечна страна, исполнителот на Мојата волја. Јас реков – и ќе го извршам тоа; замислив – и ќе го направам.

12Послушајте Ме, жестокосрдни, вие, кои сте далеку од правдата:

13Ја приближив Мојата правда – таа не е далеку, спасението од Мене нема да се забави; и ќе му дадам на Сион спасение, на Израилот – Својата слава.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help