1Дали навистина кажувате правда? Судите ли праведно, вие, човечки синови?
2Во срцето свое кроите беззаконие на земјата, вашите раце плетат неправда на земјата.
3Се отуѓија грешниците од мајчиното крило, се заблудеа од утробата мајчина, говорејќи лага.
4Јароста им е како змијски отров, како отровот на глувата аспида, која ги затнува ушите свои,
5и не го слуша гласот на бајачот, вражачот вешт во вражањето.
6Бог неке им ги скриши нивните заби во устите нивни; разби ги, Господи, челустите лавовски!
7Нека се разлијат како вода што истечува; ќе го растегнеш својот лак, додека не малаксаат.
8Како восок што се топи да се растопат, оган нека падне над нив, та сонце да не видат никогаш.
9Пред котлите ваши да осетат топлина од запаленото трње.
10Ќе се зарадува праведникот, кога ќе ја види одмаздата на безбожниците; ќе ги измие рацете свои во крвта на грешникот.
11И ќе рече човекот: навистина има плод за праведникот! Навистина има Бог, Кој суди на земјата!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
