1»Кога Гсопод, твојот Бог, ќе те воведе во земјата, во која ти одиш, за да ја наследиш, и ги изгони од пред тебе многубојните народи: Хетејците, Гергесијците, Аморејците, Хананејците, Ферезејците, Евејците и Јевусејците, – седум народи, кои се побројни и посилни од вас.
2И ќе ти ги предаде Господ, твојот Бог, во рацете твои, и ги разбиеш, – тогаш предај ги на клетва, не прави со нив сојуз и немој да ги помилуваш;
3и не се ородувај со нив: ќерката своја не ја давај на синот негов, и ќерката негова не земај ја за синот твој,
4зашто тие ќе ги одвратат синовите твои од Мене, за да им служат на други богови, тогаш ќе се разгори врз вас гневот на Господа и Он ќе те истреби.
5Но постапете со нив вака: жртвениците нивни разрушете им ги, столбовите нивни разбијте ги и дабовите нивни исечете ги и резаните ликови нивни со оган изгорете ги;
6зашто ти си свет народ на Господа, твојот Бог; тебе те избра Господ, твојот Бог, за да бидеш негов сопствен народ меѓу сите народи, што се на земјата.
7Не затоа, дека сте побројни од сите народи, ве прими Господ и ве избра, – бидејќи вие сте помалубројни од сите народи, –
8туку затоа што Господ ве засака и за да ја одржи клетвата, со која Он им се беше заколнал на татковците ваши, и ве изведе Господ со силна рака и цврста мишка и те ослободи од домот на ропството, од раката на Фараонот, египетскиот цар.
9И така, знај дека Господ, твојот Бог, е Бог верен, Кој го пази од илјада поколенија Својот завет и има милост кон оние што Го сакаат и ги извршуваат заповедите Негови;
10а оние, што Го мразат, ги казнува нив, и ги погубува; Он не заборава да го казни токму оној, кој Го мрази.
11И така, пази ги овие заповеди, наредби и закони, кои денес ти ги кажувам и да ги исполнуваш.
12И ако ги слушате сите овие закони и ги пазите и исполнувате, Господ, твојот Бог, ќе го пази заветот и милоста кон тебе, како што им се заколна Он на татковците ваши;
13ќе те засака, ќе те благослови, ќе те намножи и ќе го благослови плодот на утробата твоја и плодот на земјата твоја: пченицата твоја, и виното твое, и елејот твој, и родот на воловите твои, и стадата на овците твои, во онаа земја, за која Он им се заколна на татковците твои дека ќе ти ја даде;
14благословен ќе бидеш повеќе од сите народи: нема да има ни бесплоден меѓу вас, ни бесплоден меѓу добитокот твој;
15и ќе ја отстрани од тебе Господ, твојот Бог, секоја немоќ, и никакви лути египетски болести, што си ги видел, и кои ги знаеш, нама да испрати врз тебе, и ќе ги испрати на сите што те мразат;
16и ќе ги уништиш сите народи, што Господ, твојот Бог, ти ги дава: и да не бидат поштедени пред окото твое; и не служи им на боговите нивни, бидејќи тоа е јамка за тебе.
17Ако кажеш во срцето свое: ‚овие народи се побројни од мене, како можам да ги поразам?‘
18не плаши се од нив, спомни си, што направи Господ, твојот Бог, со Фараонот и со целиот Египет.
19Сети се за оние големи искушенија што ти ги видоа очите твои, на оние знаци, и на големите чуда и на силната рака и цврстата мишка, со кои те изведе Господ, твојот Бог; тоа исто ќе го направи Господ, твојот Бог, и со сите народи, од кои се боиш;
20И стршели ќе испрати Господ, твојот Бог врз нив, додека не загинат оние што останале и оние што се сокриле пред тебе;
21не плаши се од нив, бидејќи Господ, твојот Бог, е со тебе; Бог голем и силен.
22И Господ, твојот Бог, ќе ги прогонува од пред тебе тие народи малку по малку; ти не можеш брзо да ги истребиш, за да не стане замјата пуста и да се намножат против тебе дивите ѕверови;
23но ќе ти ги предава Господ, твојот Бог, во рацете твои, и ќе ги победиш во големи борби, сѐ додека не загинат;
24и ќе ги предаде во твоите раце царевите нивни, и ти ќе го истребиш името нивно од под небото: никој нема да устои против тебе додека не ги истребиш.
25Ликовите на боговите нивни со оган изгорете ги; да не ти се присака да го земеш среброто или златото, што е на нив, за да не биде тоа за тебе јамка, бидејќи е тоа одвратност пред Господа, твојот Бог;
26и не ја внесувај гнасотијата во домот свој, за да не бидеш проколнат, како тие; одвраќај се од тоа и гнаси се од него, бидејќи тоа е проклетство.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.