Мудрост Соломонова 14 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Последиците од верата во лажни богови.

1Некој друг, подготвувајќи се да плови и да преплови бесни води, повикува на помош дрво, послабо и од коработ што го носи,

2зашто, стремежот за придобивка го измислил коработ, а градителот вешто го направил.

3Но со него управува промислата Твоја, зошто Ти си го дал и патот по морето и безопасната патека по неговите бранови,

4покажувајќи дека Ти можеш да избавиш од сѐ, макар некој, и без опитност, по море да појде.

5Ти сакаш делата на Твојата премудрост да не бидат попусто; затоа луќето си го доверуваат живото на најмало дрво, и се избавуваат, минувајќи со брод по брановите.

6Зашто и во почетокот, кога беа погубувани гордите исполини, надежта на светот, водени од Твојата рака, ги засолни во кораб, и му остави на светот семе за род.

7Благословено е дрвото, преку кое се исполнува правдата!

8А таа ракотворба е проклета, а и оној што ја направил – и затоа што ја направил, и гнилежното дрво затоа што е наречено бог.

9Бидејќи еднакво се одвратни пред Бога – и безбожникот и неговата безбожност;

10и она што е направено и оној што го направил ќе бидат заедно казнети.

11Затоа и за идолите на незнабожците ќе има суд, зашто тие станаа гадотија меѓу Божјите создание, соблазна на човечките души и стапица за нозете на неразумните.

12Зашто измислувањето на идоли е почеток на блудот, а нивното откритие – изопачување на животот.

13Нив ги немало во почетокот, а и нема да ги има довека.

14Тие дојдоа во светот поради човечкото славољубие, затоа им е досуден блискиот крај.

15Татко, скршенод тешка жалост поради предвреме умрен син, откако го направил неговиот лик на мртов човек, отпосле почнал да го почитува како бог и на своите потчинети им определи тајни и нареди жртви да му принесуваат.

16Во текот на времето, вкоренет тој безбожен обичај бил пазен како закон, и, по заповед на силните, тоа што било извајано – било почитувано како божество.

17Кога луѓето не можеле, поради далечното му живеалиште, лично некого да почитуваат, тогаш правеле лик на оддалеченото лице: правеле видлив лик на починат цар, па како на неприсутен да му поласкаат како на присутен.

18А и за засилување почитувањето од страна на оние штоне го познавале, помагало заземањето на уметникот,

19бидејќи тој, можеби од желба да му угоди на владетелот, се трудел сличноста да ја направи што поубава;

20а народот, восхитен од убавината на творбата, го признавал за божество оној, кој малку пред тоа бил почитуван како човек.

21И тоа стана соблазна за луќето, бидејќи тие, робувајќи ѝ на неволјата или на тиранството, му го предавале на каменот и дрвото неискажливото Божјо име.

22А потоа, како да не им било доволно тоа што заблуделе во знаењето за Бога, туку живеејќи во голема борба поради незнаењето, тоа големо зло уште го нарекуваат мир.

23Зашто, извршуваат ли жртви на деца, или скришни тајни, или приредуваат ли бесни гозби со туѓи обичаи,

24тие веќе не ја пазат ни чистотата на телото, ниту чистотата на бракот, туку еден со друг, или подмолно се убиваат, или со прељуба се осквернуваат.

25Сите нив без разлика ги надвладеале: крвнина и убиство, грабеж и подмолност, расипност, неверност, бунтови, клетвопрестапништво, разграбување имоти,

26неблагодарност, осквернување на душата, злосторство против природата на половите, неред во брачниот живот, прељубодејство и нечесен живот.

27Служењето на идоли, недостојни да се именуваат, се почеток, причина и кра на секое зло,

28бидејќи оние што им служат, или во веселбите свои беснеат, или лага пророкуваат, или неправедно живеат, или брзо заклетва нарушуваат.

29Надевајќи се на мртвите идоли, не мислат дека ќе бидат казнети, зашто неспрведливо се колнат.

30Но, и за едното и за другото ќе ги постигне казна: затоа што служејќи им на идолите, го искривиле поимот за Бога и што криво се колнеле и подмолно презирале сѐ што е свето.

31Зашто не силата на оние, во кои се заколнуваат, туку судот над оние што згрешиле доаѓа веднаш по престапот на неправедните.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help