2 Царства 19 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Давидовото жалење. Луѓето од Јуда повторно го признаваат за цар.

1Му соопштија на Јоава: »Ете, царот плаче и тагува за Авесалома.«

2И победата во оној ден се претвори во плачење за целиот народ: зашто тој ден народот чу и велеше, дека царот жали за синот свој.

3Тогаш народот влегуваше во градот скришно, како што се притајуваа од срам луѓето што избегале од борба.

4А царот го покри лицето и викаше високо: »Сине Авесаломе, Авесаломе, сине мој, сине!«

5Потоа Јоав дојде при царот дома и рече: »Ти денес ги посрами сите слуги свои, кои го спасија денес животот твој, животот на твоите синови, и ќерки, животот на твоите жени и животот на твоите наложници;

6ти ги сакаш оние, што те мразат, а ги мразиш оние, што те сакаат, бидејќи денес покажа оти за тебе се ништо и водачите и слугите; денес разбрав, дека тебе ќе ти беше попријатно ако Авесалом останеше жив, а ние сите да бевме изумреле;

7затоа стани, излези и позборувај им по срце на слугите твои; зашто, се колнам во Господа, дека, ако не излезеш, оваа ноќ, ниеден човек нема да остане со тебе; тоа ќе биде за тебе полошо од сите беди што те снашле од младини до денес.«

8Стана царот и седна при портите, а на сиот народ му јавија, дека царот седи при портите. И сиот народ дојде пред царот пред портите; а Израилците се разбегаа по шаторите свои.

9И сиот народ од сите колена Израилеви се препираше и велеше: »Царот Давид ни спаси од рацете на напријателите наши и ни ослободи од рацете на Филистејците, а сега самиот избега од оваа земја, од царството свое, од Авесалома.

10Но Авесалом, кого го помазавме за цар над нас, умре во борбата; а сега зошто одолговлекувате, та не го враќате царот?« Овие зборови на сиот Израил стигнаа до царот.

11Тогаш царот Давид испрати да им кажат на свештениците, на Садока и на Авијатара, кажете им на Јудините старешини: »Зошто сакате да бидете последни во враќањето на царот во домот негов, кога зборовите на сиот Израил стигнаа до царот во домот негов.

12Вие сте мои браќа, вие сте моја коска и моја плот, зошто сакате да бидете последни за враќањето на царот во домот негов?«

13А на Амесај кажете му: »Не ли си ти моја коска и моја плот? Господ нека ми направи тоа и тоа и уште повеќе да ми додаде, ако ти не станеш при мене засекогаш воен началник место Јоава!«

14И склони го срцето на сите Јудеи како на еден човек. И тие испратија да му кажат на царот: »врати се ти и сите твои слуги.«

15Се врати царот и стигна до Јордан, а Јудеите дојдоа во Галгал да го пречекаат царот и да го преведат преку Јордан.

16И Семеј, синот Гирин, Венијаминец од Ватурим, побрза и отиде со Јудејците да го пречека царот Давида;

17а заедно со него имаше илјада Венијаминци, и Сива, слугата на Сауловиот дом, со петнаесетте синови свои и со дваесетте слуги свои; тие го преминаа Јордан пред лицето на царот и подготвија да мине царот преку Јордан.

18Кога го доведоа коработ, за да ја пренесат челадта на царот и да му послужат, тогаш Семеј, синот Гирин, падна ничкум пред царот, штом тој го премина Јордан,

19и му рече на царот: »Господаре, не ми го сметај за престап и не го спомнувај она, со кое згреши слугата твој во оној ден, кога мојот господар излегуваше од Ерусалим, и не го ставај тоа, цару, на срце;

20зашто слугата твој знае дека згрешил; и, ете, од целиот Јосифов дом дојдов денес прв да го пречекам господарот свој, царот.«

21Авеса, Саруевиот син, проговори и рече: »Зар Семеј нема да умре, поради тоа што зборуваше лошо за помазаникот Господов?«

22А Давид рече: »Што ви е вам до мене, синови Саруеви, та сега ми станувате клеветници? Денес ли треба да убивате кого и да било од Израилот? Не знам ли јас, дека денес сум цар над Израилот?«

23Тогаш му рече царот на Семеја: »Ти нема да умреш.« И царот му се заколна.

24Излезе да го пречека царот и Мемфивостеј, синот на Јонатана, Саулов син. Тој не си ги беше измил нозете, ниту ги исекол ноктите, не беше се грижел за брадата своја и не ги беше испрал алиштата свои од оној ден, кога царот излезе, до денот кога се врати со мир.

25Кога тој излезе од Ерусалим да го пречека царот, царот го праша: »Мемфивостеј, зошто не дојде со мене?«

26Овој одговори: »Господаре мој, цару, мојот слуга ме излага, зашто јас, слугата твој, си велев: ‚ќе го оседлам оселот, ќе се качам на него и ќе отидам со царот‘, бидејќи слугата твој е сакат.

27А тој го наклевети слугата твој пред господарот мој, царот. Но мојот господар, царот, е како Ангел Божји: прави што ти е волја;

28макар и целиот мој татков дом да беше заслужил смрт пред мојот господар, но ти го постави својот слуга меѓу твоите сотрпезници; какво право имам, пак, уште да се поплакувам пред царот?«

29А царот му рече: »Зошто го зборуваш сето ова? Јас реков, ти и Сива да ги поделите меѓу себе нивите.«

30Но Мемфивостеј му одговори на царот: »Нека земе тој дури и сѐ, откако мојот господар – цар се врати со мир во домот свој.«

31Дојде од Рогелим и Галадецот Верзелиј и го мина со царот Јордан, за да го придружи од онаа страна на Јордан.

32А Верзелиј беше многу стар, на осумдесет години. Тој го хранеше царот, додека живееше во Маханаим, бидејќи беше имотен човек.

33Царот му рече на Верзелиј: »Дојди со мене, и јас ќе те хранам во Ерусалим.«

34Но Верзелиј му одговори на царот: »Многу ли ми останува да живеам, та да одам со царот во Ерусалим?

35Сега сум на осумдесет години; ќе разликувам ли добро од лошо? Ќе го распознае ли слугата твој вкусот на тоа, што ќе го јаде и ќе го пие? И ќе можам ли да го слушам гласот на пеачите и пеачките? Зошто, пак, слугата твој да му биде товар на својот цар – господар?

36Слугата твој ќе го придружи уште малку царот од оваа страна на Јордан: зашто, впрочем, царот да ме наградува со таква милост?

37Дозволи му на слугата твој да се врати и да умре во својот град, крај гробот на татка си и на мајка си своја. Но, ете, слугата твој, синот мој Хамам, нека отиде со мојот цар – господар, и ти постапи со него, како што ти е волја.«

38Царот му рече: »Нека дојде Хамам со мене, и јас ќе направам за него, она што ти е волја; и сѐ, што би посакал ти од мене, ќе направам за тебе.«

39Тогаш сиот народ го премина Јордан, и царот исто така. Царот го бакна Верзелија и го благослови и тој се врати во домот свој.

40И царот тргна за Галгал; тргна со него и Хамам; и сиот јудејски народ и половината Израилски народ го придружија царот.

41И, ете, сите Израилци дојдоа при царот и му рекоа: »Зошто нашите браќа, мажите Јудини, те грабнаа тебе, и го преведоа преку Јордан царот и челадта негова и заедно со него и сите Давидови луѓе?«

42Сите Јудини мажи им одговорија на Израилците: »Затоа, што царот ни е нам близок; и зошто се лутите поради тоа? Зар сме изеле нешто од царот, или сме добиле од него дарови? Или нѐ ослободил од даноци?«

43А Израилците им одговорија на Јудините мажи и рекоа: »Ние сме десет делови во царот, исто така и за Давида ние сме првенец, а не вие; зошто, пак, нѐ унижија? Нели нам ни се паѓаше првиот збор, за да го вратиме нашиот цар? Но зборот на Јудините мажи беше посилен од зборот на Израилците.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help