1И би слово Господово до мене:
2»Сине човечки, какво предимсто има дрвото од лоза пред секое друго дрво, и прачките од лозата пред гранките од дрвјата во гората?
3Зар се зама од него парче за некаква изработка; земаат ли од него барем некаков клин, за да закачат на него некоја работа?
4Ете, го фрлаат во оган за да изгори; двата краја огнот му ги подгорува, па му ја изгорува и средината; може ли да стане од него нешто за некаква изработка?
5И кога би било цело, не станува збор за некаква изработка; а уште повеќе, кога огнот ќе го подгори и го обгори, па ќе биде ли тоа за некаква изработка?
6Затоа, вака вели Господ Бог: – како што дрвото од лоза меѓу горските дрвја го предадов на оган, за да изгори, така нему ќе му ги предадам и ерусалимските жители.
7И ќе го свртам лицето Свое против нив, од еден оган ќе излезат и друг оган ќе ги проголта, па ќе познаете, дека Јас сум Господ, кога ќе го свртам лицето Свое против нив.
8И ќе ја направам таа земја пустиња, затоа што постапија вероломно«, вели Господ Бог.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
