2 Летописи 16 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Гревовниот сојуз на Аса со Вен-Адад.

1Во триесет и шестата година од царувањето на Аса, израилскиот цар Васа се крена против Јудеја и почна да ја гради Рама, за да не му дозволи никому ниту да излегува од јудејскиот цар Аса, ниту да доаѓа кај него.

2Тогаш Аса изнесе сребро и злато од ризниците на домот Господов и на царскиот дом и ги испрати до сирискиот цар Вен-Адад, кој живееше во Дамаск, велејќи:

3»Да биде сојуз меѓу мене и тебе, како што беше меѓу татко ми и таткото твој; ти испраќам сребро и злато: оди и раскини го сојузот свој со израилскиот цар Васа, за да се повлече од мене.«

4Вен-Адад го послуша царот Аса и испрати свои војводи, што ги имаше кај себеси, против израилските градови, и тие го опустошија Ајнон, Дан и Авелмаим и сите житници во Нефатлимовите градови.

5Кога чу за тоа Васа, престана да ја гради Рама и ја прекина работата своја.

6А царот Аса ги собра сите Јудејци, и тие ги изнесоа од Рама камењата и дрвата, што ги употребуваше Васа за градење, и ги изгради со нив Гаваја и Мисфа.

7Во тоа време дојде јасновидецот Ананиј при јудејскиот цар Аса и му рече: »Бидејќи ти се потпре на сирискиот цар, а не си се надевал на Господа, твојот Бог, затоа се спаси од рацете твои војската на сирискиот цар.

8Етипците и Ливијците не беа ли со поголема сила и со многу повеќе коли и коњаници? Но штом ти се надеваше на Госпдоа, и Он ги предаде во раката твоја,

9зашто очите Господови ја гледаат целата земја, за да им помагаат на оние, чие што срце наполно Му е предадено Нему. Ти сега постапи неразумно; затоа отсега ќе имаш војни.«

10Тогаш Аса се налути на јасновидецот и го затвори во темница, бидејќи беше раздразнет од тоа против него. Во тоа време Аас го притискаа и некои од народот.

11Ете, делата на Аса, први и последни, се опишани во книгата на царевите јудејски и израилски.

12На триесет и деветтата година од царувањето свое Аса се разболе во нозете, и болеста негова се прошири до горните делови на телото; но во болеста своја не Го побара Господа, туку лекари.

13И почина Аса при татковците свои и умре во четириесет и првата година од царувањето свое.

14И го погребаа во гробницата, кој што сам си ја беше изградил во Давидовиот град; го положија на одарот, затрупан со благопријатни мириси и со разни вештачки масти, какви што изгореа големо множество за него.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help