Броеви 5 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Отстранување на нечистите. Неверноста е грев.

1И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

2»Заповедај им на синовите Израилеви да ги истераат надвор од населбата сите лепрозни, и сите што имаа излив на семе, и сите што се оскверниле од мртовец;

3и мажите и жените истерајте ги, надвор од населбата истерајте ги, за да не ги осквернуваат домовите свои, меѓу кои и Јас живеам.«

4Така и направија синовите Израилеви и ги истераа надвор од населбата: како што му рече Господ на Мојсеја, така и направија синовите Израилеви.

5И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

6»Кажи им на синовите Израилеви: ако маж или жена направи кој и да било грев против човек и со тоа изврши престап против Господа, виновна е таа душа.

7Нека го исповеда направениот грев и да го врати она, за што е виновен, и да додаде кон тоа уште една петина и да му го даде на оној, спрема кого згрешил.

8Ако тој човек нема наследник, кому би требало да му се врати за вината, тогаш да му го посвети тоа на Господа: нека биде тоа за свештеникот, освен овенот за очистувањето, над кој ќе се помоли тој за него.

9И секоја првина, и си што се осветува за синовите Израилеви, а ќе го донесуваат за Господа при свештеникот, нему му припаѓа;

10и посветеното, од кого и да е, нему му припаѓа, и, ако некој му даде нешто на свештеникот, нему му припаѓа.«

11И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

12»Зборувај со синовите Израилеви и кажи им: ако некого го извевери жената и го презре,

13или ако некој преспие со неа и излие семе, и тоа се утаи од очите на мажот нејзин, или ако скрие дека се осквернила тајно, а против неа нема сведок, таа нема да биде разобличена;

14а него го обземе ли љубоморен дух, и почне да љубомори на жена си, кога таа е осквернета, или го обзема љубоморен дух, и тој почне да љубомори на жена си, кога таа не е осквернета, –

15тогаш мажот нека ја доведе жената при свештеникот и да принесе дар за неа една десетина од ефа јачмено брашно, на да не го полива со елеј и да не става на него ливан, зашто тоа е жртва за љубомора, жртва за спомен што наспомнува за беззаконие.

16А свештеникот нека ја приведе жената и нека ја исправи пред Господа;

17и да зема тој изворска вода во глинен сад и прав од сувата земја во скинијата, и да го стави во водата.

18Потоа свештеникот да ја исправи жената пред Господа, и да и ја открие главата и да го стави врз рацете нејзини приносот за спомен, – а тоа е принос за љубомора, а свештеникот да ја држи во раката измешаната вода, која носи проклетство.

19И свештеникот да ја заколне и да и рече на жената: ‚Ако никој не бил со тебе, и ти не си се осквернила и не си го изневерила својот маж, невина биди.

20Но, ако си го изневерила својот маж и си се осквернила, и ако некој, освен твојот маж, спиел со тебе, –

21тогаш свештеникот нека ја заколне жената со клетва за проклетството и нека и рече: – Да те предаде Господ на проклетството и на клетва во твојот народ, и да даде Господ утробата твоја да се исуши, и стомакот твој да се надуе;

22и да мине внатре во тебе таа вода што носи проклетство, па стомакот твој да се надуе и утробата твоја да се исуши.‘ – А жената да каже: ‚Амин, амин.‘

23И свештеникот да ја напише таа клетва на хартија, а потоа да ја избрише во измешаната вода;

24и да и даде на жената да се напие од измешаната вода, што носи проклетство, и да влезе во неа водата, што донесува проклетство.

25И да земе свештеникот од рацете на жената лебен принос за љубомора, и да го издигне тој принос пред Господа, и да го однесе кај жртвеникот.

26И свештеникот да земе тогаш со рака малку од лебниот принос за спомен, да го изгори на жртвеникот и потоа да и даде да жената да ја испие водата;

27и откога ќе ја напои со водата, ако е таа нечиста и ако направила престап спрема својот маж, измешаната вода што носи проклетство, ќе влезе во неа, и стомакот ќе и се надуе, и утробата нејзина ќе се исуши, и таа жена ќе биде проклета меѓу својот народ.

28Ако, пак, жената не е осквернета и останала чиста, ќе остане без повреда и ќе се оплодува од семе.

29Тоа е законот за љубомора: кога жената ќе го изневери својот маж и ќе се оскверни,

30или кога љубоморен дух ќе го обзема мажот, и тој почне да љубомори на жена си, тогаш тој нека ја исправи жена си пред Господа, и нека го изврши свештеникот над неа си она според овој закон, –

31и мажот ќе биде чист од грев, а жената ќе го прими врз себе својот грев.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help