1Се собраа сите Израилци при Давида во Хеврон и рекоа: »Еве, ние сме коска твоја и плот твоја;
2и вчера и завчера, кога Саул беше уште цар, ти го изведуваше и го воведуваше Израилот: и Господ, Бог твој, ти рече: ‚Ти ќе го пасеш Мојот народ Израилот и ти ќе бидеш водач на Израилот, Мојот народ.‘«
3Тогаш сите старешини Израилеви дојдоа при царот во Хеврон, и Давид склучи со нив завет во Хеврон пред лицето Господово, и тие го помазаа Давида за цар над Израилот, според словото Господово преку Самуила.
4И тргна Давид и сиот Израил за Ерусалим, односно за Јевус. А таму беа Јевусејците, жители на таа земја.
5Жителите на Јевус му рекоа на Давида: »Нема да влезеш тука.« Но Давид ја презеде тврдината Сион: тоа е градот Давидов.
6И рече Давид: »Кој од сите вас најнапред ќе ги победи Јевусејците, ќе стане кнез и војвода.« Најнапред од сите излезе Јоав, Саруевиот син, и стана кнез.
7Давид живееше во таа тврдина, и затоа ја нерекуваа Давидов град.
8Тој изгради ѕидови околу градот, почнувајќи од Милон па сѐ наоколу; Јоав, пак, ги обнови другите делови на градот.
9Давид напредуваше и се воздигаше сѐ повеќе и повеќе, и Господ Саваот беше со него.
10Еве ги поглавните Давидови јунаци, кои се бореа храбро со него во царството негово, заедно со сиот Израил, за да го зацарат над Израилот според словото Господово.
11Еве го и бројот на јунаците што беа при Давида: Јесвал, син Ахаманиев, прв од триесеттемина: тој го извелче мечот свој против триста души и наеднаш ги порази.
12По него Елеазар, синот на Ахохиецот Додо – еден од тројцата јунаци:
13Тој беше со Давида во Фаседомин, каде што Филистејците се беа собрале за војна. Таму еден дел од полето беше посеано со јачмен, и народот избега од Филистејците;
14но тие се запреа среде полето, ги забележаа и ги поразија Филистејците. И Господ даде големо спасение на Своите луѓе.
15Тие тројцата главни од триесеттемина водачи се качија на карпата при Давида во пештерата Одолам, а, пак, филистејскиот логор беше сместен во Рефаимската долина.
16Давид во тоа време беше во утврдено место, а стражата филистејска беше во Витлеем.
17Давид ожедне и рече: »Кој ќе ми донесе да пијам вода од Витлеемскиот извор, што е при портите?«
18Тогаш тие тројца се провреа низ филистејскиот логор, зафатија вода од Витлеемскиот извор, што е при портите, та му донесоа на Давида. Но Давид не сакаше да пие, туку ја излеа во слава на Господа.
19и рече: »Да ме чува Господ, тоа да го направам! Зар ќе ја пијам крвта на оние мажи, што ги изложија душите свои! Зашто со опасност по животот свој тие ја донесоа водата.« – И не сакаше да ја пие. Еве што извршија тие тројца јунаци.
20И Авеса, братот Јоавов, беше главен меѓу тројцата: тој уби со мечот свој триста души и се прослави меѓу тие тројца.
21Од тројцата тој беше највиден и беше водач, но на тие тројца не им беше рамен.
22Ванеја, синот на храбриот маж Јодај, голем по делата, родум од Кавасаил, ги уби двајцата синови на Ариила Моавски; тој истиот слезе и уби лав во еден ров по снежно време;
23пак тој уби еден Египтјанец, кои беше пет лакти висок: Египтјанецот имаше во раката копје колу едно ткаечко кросно, а тој пристапи кон него со стап и, откако му го изби копјето од раката на Египтјаницот, го уби со неговото копје.
24Тоа токму го изврши Јодаевиот син Ванеја, и беше славен меѓу тие тројца јунаци;
25тој беше повиден од триесеттемина, но на оние тројцата не им беше рамен, и Давид го постави за најблизок исполнител на своите заповеди.
26А главни од борците беа: Асаил, брат на Јоава; Елеанан, син на Додо, од Витлеем;
27Самот Адитијанин, Хелки Афелонин;
28Ореј, син на Кис Текуитски; Авиезер Анатотски;
29Совохај Асотиски; Илиј Ахојски;
30Воорај Нетофатец; Елад, син на Вајнак, Нетофатецот;
31Итај, син Ривеинов, од Гава Венијаминова; Ванеја Фаратонијев;
32Уриј од Неал; Галсавил од Аравеја;
33Азмот Варсамијски; Елијав Саламијски; Ирас Гоиниски.
34Синови на Гизонецот Хасема: Јонатан син на Сагти, Арариецот;
35Ахијам, син Сахаров, Арариец: Зифаил, син на Орин;
36Афер Мехуратински; Ахија Фелониски;
37Асарај Мармелински; Ноорај, син Авдиев;
38Јоил, брат Натанов; Мехар, син Тараиев;
39Селик Амонец; Наареј Виродин, оружјеносец на Јоава, син Саруев;
40Ира Јетериин; Гарив и Териин;
41Урија Хетеецот; Вазат, син Олиев;
42Адина, син на Саха, кнез на Рувимовците, и тој имаше триесет;
43Анан, син на Мааха; Јосафат Татанин;
44Озија Астарот; Сама и Јеил, синови на Хотан од Ароир;
45Једил, син Самерин, и Јоза, негов брат Тосанец;
46Јелиил од Маоин, и Арива и Осоја, синови Елијамови, Енам и Устем, Моавци;
47Елиил, Овид и Јесиил од Месовија.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.