1»Ова е законот за жртвите поради престап – тоа е најголаме светиња.
2На она место, на кое се коле жртвата сепаленица, на тоа место нека се коле и овенот што се принесува како жртва за престап пред Господа; а крвта да се излие околу подножјето на жртвеникот.
3А сиот лој негов да се принесе; и лојот што ја покрива утробата, и лојот што е во утробата,
4и двата бубрега, и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката на слезината нека ги извади заедно со бубрезите,
5нека ги стави свештеникот врз жртвеникот – жртвата за благопријатен мирис пред Господа; тоа е жртва поради престап.
6Секое машко од свештениците нека ја јаде; на свето место да се јаде; тоа е најголема светиња.
7Жртвата за престап е како жртвата за грев, еден закон е и за двете; кој свештеник се моли за неа, негова нека биде.
8А кога свештеникот принесува нечија жртва сепаленица, кожата од жртвата што ја принесува негова нека биде.
9И секоја жртва печена во печка или на огниште пржена во тава, му припаѓа на оној свештенико што ја принесува.
10А секја жртва приготвена со елеј или без елеј, им припаѓа на сите Аронови синови, подеднакво.
11Тоа е закон на жртвите за спасение, што Му се принесуваат на Господа.
12Кога некој ја принесува од благодарност, заедно со жртвата треба да принесе и бесквасни лебови, месени со елеј, и бесквасни питки намачкани со елеј, како и пченично брашно измешано со елеј, лебови месени со елеј.
13Освен питки, да принесува жртва и леб месен со квас, како благодарствена жртва за спасение.
14И од сето она што се принесува, нека принесува по едно како жртва што се вознесува пред Господа; тоа нека му припаѓа на оној свештеник што ја излива жртвата со крв за спасение.
15А месото од жртвата за спасение нека биде негово и нека се изеде во оној ден кога се принесува; нека не се остава ништо до изутрината.
16Ако се принесува жртва поради завет или од усрдност, таа нека се јаде во истиот ден, а ако остане нешто, нека се изеде другиот ден.
17Ако нешто од местото на таа жртва остане третиот ден, тогаш нека се изгори со оган.
18Ако некој на третиот ден јаде од месото на жртвата што ја принесол, таа нема да му биде примена, бидејќи тоа е осквернение; и секој што ќе јаде од неа ќе згреши.
19Ако тоа месо се допре до нешто нечисто, да не се јаде, туку да се изгори со оган; месото може да го јаде секој што е и чист.
20А ако некој има на себеси нечистотија, па јаде месо од жртвата за спасение што е на Господа, тој треба да се истреби од народот свој.
21И, ако, некој, откако се допре до нешто нечисто или до нечистотија човечка, или до нечист добиток, или до некоја нечиста гадинка, па јаде месо од жртва за спасение што е на Господа, тој да се истреби од народот свој!«
22И пак му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
23»Кажи им на синовите Израилеви, и речи им: не јадете лој ни од вол, ни од овца, нити коза.
24Лојот од добиток што пцовисал или е од ѕвер растргнат може да се употребува за секоја работа; но тој лој да не се јаде.
25Оној, што ќе јаде лој од добиток, што се принесува како жртва пред Господа, нека се истреби од народот свој.
26Никаква крв да не јадете во сите живеалишта свои, ни од кое и да било животно, ниту, пак, од птици.
27А кој ќе јаде каква и да било крв, ќе се истреби од народот свој!«
28Пак му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
29»Кажи им на синовите Израилеви, и речи им: кој принесува жртва своја пред Господа за спасение, нека принесува пред Господа и дар свој за жртвата за спасение.
30Со свои раце да принесува принос пред Господа; лојот со градите нека го принесува, и кошулката на црниот дроб и сето тоа ќе го стави како дар пред Господа.
31А свештеникот нека го постави лојот врз жртвеникот, додека, пак, градите да му припаднат на Арона и синовите негови.
32А десната плешка од жртвата ваша за спасение, давајте му ја на свештеникот, за да му биде како дел.
33На свештеникот, пак, од синовите Аронови, што принесува крв и лој од жртвата за спасение, нека биде негова десната плешка.
34Зашто градите од жртвата за спасение и плешките што се вознесуваат, ги земам од синовите Израилеви од нивните жртви за ваше спасение и му ги давам на Арона свештеникот и на синовите негови како вечно озаконет дел од синовите Израилеви.
35Тоа ќе биде дел на помазаниот Арон и на помазаните синови негови од приносите пред Господа, од оној ден кога ќе застанат пред Господа како жртвоприносители,
36како што заповеда Господ да им се дава на синовите Израилеви од денот кога ги помаза. Тоа е вечен закон за поколенијата нивни.
37Тоа е законот за жртвите сепаленици, за жртвите за грев, за жртвите за престап, за жртвите за успевање и жртвите за спасение,
38како што му даде заповед Господ на Мојсеја во гората Синајска, во денот кога им заповеда Господ на синовите Израилеви во пустињата Синајска да Му принесуваат на Господа дар од плодовите свои.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.