Исаија 50 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Израилот бива отфрлен поради своите беззаконија. Слугата Господов донесува спасение.

1Вака вели Господ: »Каде е разводното писмо за вашата мајка, со која ја отпуштив? Или на кого од моите зајмодавачи ве продадов? Ете, вие сте продадени заради гревовите свои, и заради вашите престапи мајката ваша е отпуштена.

2Зошто кога дојдов, немаше никого? И кога повикав, никој не се одѕва? Зар раката Моја се скратила, та не може да избавува или во Мене нема сила да спасувам? Ете, со заплашувањето Свое море пресушувам, претворам реки во пустиња; рибите во нив гнијат поради недостиг на вода и умираат од жед.

3Јас ги облекувам небесата во мрак и кострет им правам за покривка.

4Господ Бог ми даде вешт јазик, за да можам со зборови да го поткрепувам изнемоштениот: секое утро Он го разбудува името Мое, за да слушам како оние што се учат.

5Господ Бог ми го отвори увото, и јас не се спротивставив, не отстапив назад.

6Грбот Свој го подметнав на оние што Ме биеја, и образите свои – на оние што Ме удираа; лицето Свое не го скрив од подбив и плукање.

7И Господ Бог ми помага: затоа не се срамувам, затоа го држам лицето Свое како кремен, и знам дека нема да останам посрамен.

8Близу е Оној, Кој Ме оправдува: кој сака да се натпреварува со Мене? Да застанеме заедно. Кој сака да се суди со Мене? Нека пристапи кон Мене.

9Ете, Господ Бог Ми помага: Кој ќе ме осуди? Ете, сите тие како облека ќе изветвеат; молец ќе ги изгризе.

10Кој од вас се плаши од Господа, го слуша гласот на Неговиот Син? Кој оди во мрак, без светлина, да се надева на името Господово и да се потпира врз својот Бог.

11Ете, сите вие што палите оган, кои сте вооружени со запалени стрели – одите во пламенот на вашиот оган и на стрелите, што сте ги вжештиле! Тоа ќе ви биде од Мојата рака: во маки ќе умрете.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help