1 Летописи 20 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Освојување на градот од синовите Амонови.

1По една година, во времето, кога царевите излегуваа во војна, Јоав ја изведе војската и почна да ја опустошува Амонитската земја, и отиде, па ја опседна Рава. А Давид беше останал во Ерусалим. Јоав ја освои Рава и ја разруши.

2И го зеде Давид венецот на царот нивни од главата негова; во него се најде талант злато на мерка, и скапоцени камења имаше на него; му го ставија на главата на Давида. И прилично голем плен изнесоа од градот.

3А луѓето, што беа во него, ги изведушаше и ги сотираше со триони, со железни чекани и секири. Така постапи Давид со амонитските градови; па се врати Давид и сиот народ во Ерусалим.

4Потоа почна војна со Филистејците во Газер. Тогаш Совохај Хуситецот го уби Сафута, еден од Рефаимовите потомци. И тие се смирија.

5И пак имаше војна со Филистејците. Тогаш Елеанин, синот Јаиров, го уби Лаомија, Голијатовиот брат, Гетеец, во кого дршката на копјето беше колку ткаечко кросно.

6Имаше борба и во Гет. Таму имаше еден човек со голем раст, на кого прстите му беа по шест – сѐ двесет и четири. И тој беше од Рефаимовите потомци.

7Тој го навредуваше Израилот, но Јонатан, син на Давидовиот брат Самаја, го уби.

8Тие се беа родиле од Рефаимовците во Гет, и паднаа од раката на Давида и од рацете на слугите негови.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help