Мудри Соломонови Изреки 30 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Агуровата исповед.

1Зборовите на Агура, син Јакеов, од Маса; негово пророштво, кажано на Итила, за Итила и Укала.

2Навистина, јас сум понеук од кого и да било меѓу луѓето, и во мене нема разум човечки,

3Бог ме научи на премудрост и ја разбрав разумноста на светиите.

4Кој се искачил на небото и слегол оттаму? Кој собрал ветар во пазувата своја? Кој врзал вода на наметката своја? Кој ги поставил сите краишта на земјата? Како му е името? И кое е името на синот негов? Знаеш ли?

5Секој збор од Бога е чист; Он му е штит на оној, што се надева на Него.

6Не додавај кон зборовите Негови, за да не те разобличи, и да не излезеш лажливец.

7За две работи те молам; не ми откажувај пред да умрам:

8суетата и лагата оддалечи ги од мене, сиромаштија и богатство не ми давај, – храни ме со насушниот леб,

9та, откако ќе се пренаситам, да не се откажам од Тебе и да кажам: »Кој е Господ« и, откако ќе осиромашам, за да не почнам да крадам и да го употребува името на мојот Бог напразно.

10Не клевети го слугата пред господарот негов, за да не те проколне, и ти да останеш виновен.

11Лошото чедо високо ги држи очите свои, и толку се кренати клепките негови!

12Лошото чедо се смета за чисто, а не е измиено од нечистотиите свои.

13Лошото чедо високо ги држи очите свои, и толку се кренати клепките негови!

14Лошото чедо има заби како мечеви, а катниците негови се како ножеви, за да ги изедува сиромасите по земјата и немоќните меѓу луѓето.

15Пијавицата има две ќерки кои велат »Дај, дај!« Има три работи ненаситни и четири што не велат »Доволно.«

16Тое се: пеколот и утробата неплодна, земјата, која не се наситува со вода, и огнот, кој не вели: »доста!«

17Око, кое му се потсмева на татка си и не сака да се покорува на мајка си, кое ќе биде исколвано од долински гаврани и од орлови пилци изедено!

18Тие работи се недостижни за мене, а четвртата, не ја ни разбирам:

19патиштата на орелот по небото, ползењето на змијата по карпите, патеките на коработ среде море и патот на маж во младоста негова.

20Таков е патот и на жена прељубница: се најала и ја избришала устата своја, па вели: »ништо лошо не сум направила.«

21Од три работи се тресе земјата, а четвртата не може да ја поднесе:

22од слуга, кога ќе стане цар; од безумен, кога до наситување ќе се најаде со храна,

23од распуштена жена, кога ќе се омажи, и од слугинка, кога го зазема местото на господарката своја.

24Има четири мали животни на земјата, но тие се помудри и од мудреците:

25мравките – во кои нема сила, но лете сепак си ја приготвуваат храната;

26јазовците – иако слаби животни, но ги прават куќите свои во камен;

27скакулците, кои немаат цар, но излегуваат во војна сите во редови;

28пајакот, кој со раце се лови, но се наоѓа и во царските палати.

29Еве три, коишто убаво чекорат, и четвриот, кој свечено настапува:

30лавот, најсилен меѓу ѕверовите, кој нема да се врати и да се исплаши од никого;

31и петелот кој надуено шета меѓу кокошките; како царот меѓу својот народ.

32Ако гордоста те тера на безумни дела и си намислил зло, стави ја раката на устата своја.

33Зашто, како кога се бие млеко, се добива масло, кога ќе се удри носот, потечува крв, така и кога се предизвикува гнев, произлегува кавга.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help