1Многу неволји имаат луѓето, тежок е товарот на синовите Адамови – од денот кога ќе излезат од утробата на мајката до денот кога ќе се вратат при мајката на сите.
2Чекањето на смртта и на нејзиниот ден предизвикува во нив размислување и страв во срцето.
3Почнувајќи од оној што седи на престол славен, до оној што седи во прв и пепел;
4од оние што носат круна и профир, до оние што се облечени во партали; –
5секој има гнев и завист, неволја и немир, страв од смртта, омраза и расправии, ноќниот сон умот му го поматува.
6Малку или како да нема мир; и дење и ноќе тој е како на стража.
7Бидејќи збунет од своите срдечни мисли, тој е како бегалец од бојното поле, во страв се буди и кога опасност нема, се чуди на својот страв без причина.
8Ова станува со секое суштество, од човек до добиток, но кај грешниците е седумпати повеќе.
9Смрт и убиство, караници и меч, неволји и глад, пропаст и удари –
10сето ова е создадено за грешниците; и потопот беше за нив.
11Сѐ што е од земја – во земја се враќа, а сѐ што е од вода – во море оди.
12Поткупот и неправдата гинат, а верноста ќе трае довека.
13Имотот на грешниците ќе пресуши како поток, ќе прегрми како силна грмотевица при пороен дожд.
14Кој штедро дава, тој се радува; престапниците конечно ќе загинат.
15Потомците на безбожните нема да пуштат фиданки, зашто нечистите корења се врз стрмна карпа.
16Трска што расте крај брегот на секоја вода, се коси пред секоја друга трева.
17Добротворството е полно со благослов, а милостињата довека живее.
18Животот на задоволниот со својата работа и на трудбеникот сладок е, но посладок е на оној од обајцата што нашол богатство.
19Децата и градењето на нов град името го овековечуваат, но чесната жена стои повисоко и од едното и од другото.
20Виното и музиката го веселат срцето, но подобро и од едното и од другото е љубовта кон мудроста.
21Кавалот и гуслето песната ја сладат, но подобар е од нив пријатниот јазик.
22Очите копнеат по пријатност и убавина, а уште повеќе по зелените полиња.
23Пријател и другар се среќаваат одвреме навреме, а мажот и жената секогаш се заедно.
24Браќата и пријателите помагаат во неволја, но милостињата и од едните и од другите подобро помага.
25Златото и среброто цврст го прават чекорот, но добриот совет и од нив подобро го зацврстува.
26Богатството и силата го издигнуаат срцето, но повисоко го издигнува стравот од Господа.
27Во стравот Господен недостиг нема; кога него го имаме, друга помош не треба да бараме.
28Стравот Господен е како благословен рај; тој му е заштита поголема од секаква слава.
29Синко мој, не живеј од просење; подобро е да умреш отколку да молиш за милостиња.
30Тој што на туѓа трпеза гледа – неговиот живот не е живот; со туѓи јадења својата душа ја понижува;
31разумниот и воспитаниот ќе го одбегнува тоа.
32Во устата на бесрамниот питачката е слатка, но во утробата гори како оган.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.