1Одговори Јоф и рече:
2»Дури и сега зборот мој е горчлив, страдањата мои се потешки од воздишките мои.
3О, да знаев како да Го најдам, да можев да се приближам до престолот Негов!
4Би го изложил пред Него моето дело и би ја наполнил устата своја со оправдание;
5ќе ги дознаев зборовите, со кои Он ми говореше, ќе разберев што ќе ми кажеше.
6Зар Он, Сесилниот, би зел да се спори со мене? О, не! Туку би ми помогнал.
7Тогаш праведникот би можел да се оправда пред Него, – и јас засекогаш би се ослободил од својот Судија.
8Но, ете, јас одам напред – а Него Го нема, назад се враќам – и не Го наоѓам;
9врши ли Он нешто на левата страна, јас не Го гледам.
10Но, ако го знае патот мој, нека ме испита, – ќе излезам како злато.
11Ногата моја здраво се држи за патеките Негови; патиштата Негови ги пазев и не се отстранував.
12Од заповедите на устата Негова не отстапував; зборовите на устата Негова ги пазев повеќе отколку моите правила.
13Но Он е силен; кој ќе Го отстрани? Он го прави она што го сака душата Негова.
14Он ќе го направи она што го наумил за мене, слично на тоа во Него има многу.
15Затоа јас треперам пред лицето Негово; кога мислам за тоа – се плашам од Него.
16Бог ме обесхрабри, Вседржителот ме уплаши.
17Зошто не сум уништен пред оваа темнина? Зошто со мрак го прекри лицето мое!«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
