1И пак продолжи Елијуј и рече:
2»Стрпи се малку, ќе ти покажам, зашто има уште нешто да кажам за Бога.
3Ќе го почнам зборот мој од далеку и ќе ти покажам дека мојот Создател е справедлив,
4навистина зборовите мои не се лага: пред тебе е оној, кој исправно мисли.
5Ете, Бог е моќен, но никого не презира; силен е со крепкото срце Свое;
6не ги поддржува безбожниците, а угнетените ги оправдува;
7не ги отстранува очите Свои од праведниците, но заедно со царевите ги става засекогаш на престол; и тие се воздигаат.
8Ако, пак, се оковани во вериги и се држат во оковите на неволјата,
9тогаш им ги напомнува делата нивни и беззаконијата нивни, бидејќи се умножиле.
10Го отвора увото нивно за вразумување, им вели да се оттргнат од беззаконието.
11Ако послушаат и почнат да Му служат, ќе ги поминат дните свои во добро и годините свои во радост;
12Ако, пак, не послушаат, гинат од стрела и умираат во безумие.
13Но лицемерните имаат во срцето свое гнев и не се обрнуваат кон Него, кога ги врзува во окови;
14затоа душата нивна умира во млади години, и животот нивни згаснува со блудници.
15Он го спасува страдалникот од маката негова и, кога е угнетен, му го отвора увото.
16И тебе би те извел Он од теснината на широко, каде што нема угнетување; и трпезата твоја би била полна со мрс;
17Ако си заслужил суд безбожнички, судот веќе и осудувањето ќе те снајдат.
18Да не те порази Божјиот гнев со казна! Голем откуп нема да те избави.
19Нема да гледа на Твоето богатство, ниту на златото, ниту на какво и да било сокровиште твое.
20Не воздивнувај за онаа ноќ кога народите се истребуваат на местото свое.
21Пази се, не подавај се на нечестието, што си претпочитал пред страдањето.
22Бог е најголем со силата Своја; кој учител, како Него?
23Кој Му Го одреди патот Негов? Кој може да Му каже: ‚постапуваш ли неправедно?‘
24Не заборавај да ги величаш делата Негови, кои луѓето ги гледаат.
25Сите луѓе можат да ги видат; човек може да ги види и оддалеку.
26Ете, Бог е голем, и ние не можеме да Го познаеме; бројот на годините Негови е неиспитан.
27Он ги стега водните капки; тие лијат дожд од облаците Негови;
28капат од облаците и се изливаат изобилно врз луѓето.
29И кој може да го разбере ширењето на облаците, трескотот во шаторот Негов?
30Ете, Он ја распростира врз нив светлината своја и го покрива морското дно.
31Оттаму Он ги суди народите, дава храна во изобилие.
32Он крие во дланките Свои молња и ѝ заповеда кого да удри.
33Грмењето дава знак да се знае за неа; и добитокот чувствува што станува.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
