1Во оној ден седум жени ќе се фатат за еден маж и ќе речат: »Свој леб ќе јадеме и своја облека ќе носиме, доста е само да се нарекуваме со твоето име, – симни го од нас срамот наш.«
2Во оној ден фиданката Господова ќе се јави во убавина и чест, а плодот на земјата – во величие и слава, за спасените синови Израилеви.
3Тогаш другите на Сион и измачените во Ерусалим – сите, запишани како да живеат во Ерусалим, ќе се нарекуваат свети,
4кога Господ ќе ја измие нечистотијата на ќерките сионски и ќе ја исчисти крвта на Ерусалим од средината негова со дух, кој суди и со дух, кој пали.
5И ќе направи Господ над секое место на Сион гора и над собранијата и дење облак и дим, а ноќе – блесок од пламнат оган; зашто слава ќе покрива сѐ.
6И ќе има шатор за сенка дење од припек и засолниште и заклон од лошо време.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
