Псалми 134 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Похвална песна на Господа.

1Фалете го името Господово, фалете го, слуги Господови,

2вие кои стоите во домот Господов, во дворовите од домот на нашиот Бог.

3Фалете Го Господа, зашто Господ е добар; пејте му на името Негово, зашто тоа е мило;

4зашто Господ го избра Јакова, Израилот, за свое наследство.

5Бидејќи познав, дека Господ е велик, и дека нашиот Господ е над сите богови:

6си што посака Господ, создаде на небото и на земјата, во морињата и во сите бездни.

7доведувајќи облаци од краиштата на земјата, молњи при дожд создаде, Он, Кој ги изведува ветровите од скровиштата нивни,

8Оној, Кој ги порази првородените во Египет од човек до добиток,

9покажа знаци и чудеса среде тебе, Египте, на Фараонот и врз сите слуги негови,

10порази многу народи и истреби силни цареви:

11Сион, царот аморејски, и Ог, царот васански, и сите цареви ханански;

12и му ја даде нивната земја во наследство на Својот народ, Израилот.

13Господи, името Твое е вечно; Господи, споменот за Тебе е од род во род.

14Зашто Господ ќе му суди на Својот народ и ќе биде милостив над слугите Свои.

15Идолите на незнабожците се сребро и злато, дело на раце човечки;

16имаат уста, но не говорат; имаат очи, но не гледаат;

17имаат уши, но не слушаат, ниту, пак, во устата нивна има здив.

18Слични на нив нека бидат и оние, кои ги прават, и секој кој на нив се надева.

19Доме Израилев, благословувај Го Господа. Доме Аронов, благословувај Го Господа!

20Доме Левиев, благословувај Го Господа! И вие, кои се боите од Господа, благословувајте Го Господа!

21Нека е благословен Господ од Сион, Кој живее во Ерусалим!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help