Јов 28 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Човекот може да знае што се крие во природата, но стравот Божји е патот до неговата мудрост.

1»И така, среброто си има исходна жила, и златото – место, каде што го пречистуваат.

2Железото се добива од земјата; од камен се претопува бакар.

3Човекот определува предели во темнината и грижливо бара камен во мракот и во смртната сенка.

4Ископуваат рудокопен извор во места, недостапни за нога, нишајќи се висат далеку од луѓето.

5Од земјата никнува жито, а под неа сѐ е испревртено, како оган.

6Во камењата нејзини има место за сафир, во нив има и златни зрнца.

7Патеката за таму граблива птица не ја знае, јастребовото око не ја видело;

8ѕверки мали не ја газеле, и не одле по неа лав.

9Не гранит ја става човек раката своја, од дното превртува гори;

10во карпи пресечува извори, и окото негово гледа сѐ што е скапоцено;

11го запира текот на реките и сокриеното го вади на видело.

12Но каде се наоѓа мудриста, и каде е местото на разумот?

13Не ја знае човекот цената нејзина, ниту се наоѓа по земјата на живите.

14Бездната вели: – не е во мене таа: – и морето вели: – не е кај мене -.

15Таа не се дава за злато и не се добива за измерено сребро;

16таа не се оценува со офирско злато, ниту со скапоцен оникс, ниту со сафир;

17не се споредува со неа злато и кристал; нема да ја размениш со садови од чисто злато.

18А за корал и бисер нема што ни да се спомнува, зашто здобивање со мудрост чини повеќе од рубини.

19Со неа не се изедначува етиопскиот топаз; со чисто злато таа не се оценува.

20Од каде, всушност, излегува мудроста? Каде е местото на разумот?

21Сокриена е таа од очите на сѐ што е живо и притаена е од птиците небески.

22Погубноста и смртта велат: ‚со ушите свои го чувме мрморењето за неа.‘

23Бог го знае патот нејзин; Он го познава местото нејзино.

24Зашто Он гледа до крајот на земјата и гледа под целото небо.

25Кога Он му даваше на верерот мерка и ја наместуваше водата по мера,

26кога му даваше наредби на дождот и пат на громоносната молња,

27уште тогаш Он ја виде и ја објави, ја приготви и уште ја испита.

28А на човекот му рече: ‚Ете, стравот Господов е вистинска мудрост, а одбегнувањето од зло е разумот.‘«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help