1Ете, Господ ја опустошува земјата и ја прави неплодна; го изменува нејзиниот вид и ги распрснува оние што живеат на неа.
2Со свештеникот ќе стане исто што и со народот, – со слугата, – исто што и со господарот негов; со слугинката, исто што – и со господарката нејзина; со купувачот, исто што и со продавачот; она што ќе стане со оној, кој ќе земе на заем, исто што, и со оној кој дава на заем; со оној, кој дава со интерес – исто и со оној кој зема под интерес.
3Земјата е опустошена до крај и сосема е разграбена, зашто Господ го изрече тоа слово.
4Тагува, нажалена е земјата; опаднала, тажна е вселената; опаднале оние, што се издигале над народот на земјата.
5И земјата е осквернета под жителите свои, зашто тие ги прекршија законите, го изменија уставот, го нарушија вечниот завет.
6Затоа проклетство ја јаде земјата, а жителите нејзини трпат казна; затоа се изгорени престојувалиштата земни, малку луѓе останаа.
7Плаче гроздовиот сок; боледува лозата; воздивнуваат сите што се веселеа од срце.
8Престана веселбата со тимпани; молкна вревата на оние што се веселеа; стивнаа звуците на гуслите;
9не пијат повеќе вино со песни; горчлив е сикерот за оние што го пијат,
10Разорен е запустениот град; сите куќи се затворени, не може да се влезе.
11Плачат за вино по улиците; потемне секаква радост; изгонета е секаква веселба од земјата.
12Во градот остана само пустош, портите се искршени.
13А среде земјата, меѓу народите, ќе биде она истото, што станува кога маслинки тресат или пабирки од гроздобер.
14Тие ќе го кренат гласот свој, ќе ликуваат во величието на Господа, силно ќе воскликнуваат од морето.
15И така, славете го Господа на исток, по островите морски – славете Го името името на Господа, Бога Израилев.
16Од крајот на земјата слушаме песна: »Слава на Праведниот!« И реков јас: »Тешко мене, тешко мене! Злодејци зло вршат, на зол начин дејствуваат злодејците.
17Ужас, јама и стапица за тебе, жителе земни!«
18Тогаш, оној што избега од викот на ужасот, ќе падне во јама; и кој ќе излезе од јамата, ќе падне во стапица; зашто прозорците од небесната височина ќе се отворат, и основите земни ќе се разнишаат.
19Земјата се разрушува, земјата се распаѓа, земјата е силно разнишана;
20земјата се ниша како пијан и се лула како лулка, и беззаконието ѝ теже врз неа; таа ќе падне – и повеќе нема да стане.
21И во тој ден Господ ќе ја посети војската на висините, ќе ги посети и земните цареви на земјата.
22И ќе бидат собрани наедно како затвореници во затвор, и ќе бидат заклучени во темница и по многу денови ќе бидат казнети.
23Тогаш месечината ќе поцрвени, и сонцето ќе се засрами, кога Господ Саваот ќе се зацари на гората Сион и во Ерусалим, и пред неговиот старешини ќе стане слава.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.