Второзаконие 25 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Казни за престап. За исправна и неисправна мерка.

1Кога има расправија меѓу луѓе, нека ги доведат во суд и да ги судат; правиот да го оправдаат, а виновниот да го осудат;

2а ако виновниот заслужува биење, да го легнат пред судиите и да го бијат поради вината негова.

3Можат да му се удрат четириесет стапа, но не повеќе, за да не се засрами братот твој пред тебе.

4Не врзувај уста на вол кога врши.

5Кога браќата живеат заедно, и едниот од нив умре без пород, жената на умрениот не смее да се омажи за надворешен човек, но деверот нејзин треба да влезе при неа, да ја земе за жена и да живее со неа, –

6и првородениот, што таа ќе го роди, да го носи името на умрениот брат, за да не се уништи името негово во Израилот.

7Ако, пак, тој не посака да ја земе за жена снаата своја, тогаш снаата негова да отиде кај портата пред старешините и да каже: »братот на мојот маж не сака да го подигне името на братот свој во Израилот, не сака да се ожени со мене.«

8И старешините на градот негов да го повикаат и да му зборуваат, и ако тој стане и каже: »не сакам да ја земам,«

9тогаш снаата негова нека дојде при него пред очите на старешините, да собуе еден чевел од неговата нога, да го плукне в лице и да каже: »така се постапува со човек, кој не го подига домот на братот свој во Израилот«;

10и ќе му извадат име во Израилот: »дом на собуениот,«

11Кога се тепаат меѓусебе двајца мажи, и жената на едниот од нив се приближи за да го отргне мажот свој од оној што го бие, и, откога ќе ја испружи раката своја, го фати за слабините,

12пресечи ѝ ја раката: да не ја пожали окото твое.

13Во торбата своја не смееш да имаш две мерила: големо и мало;

14во куќата твоја да немаш двојна мерка: тешка и лесна;

15мерило да имаш верно и праведно, и мерка да имаш точна и праведна, за да ти се продолжат деновите на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел;

16бидејќи одвратен е пред Господа, твојот Бог, секој што го прави ова и друга неправда.

17Помни, како постапи со тебе Амалик, по патот, кога бевте излегле од Египет;

18како тој ти се противстави по патот и ги погуби сите што заостанаа зад тебе од умор, кога ти беше алчен и изнемоштен, и не се уплаши од Бога.

19И така, кога Господ, твојот Бог, ќе те успокои од сите твои непријатели, што се околу тебе на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел за да ја наследиш, избриши го името на Амалик под небото; да не заборавиш.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help