1 Царства 19 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Саул го гони Давида.

1Саул му говореше на синот свој Јонатана и на сите слуги свои да го убијат Давида. Но Сауловиот син Јонатан многу го сакаше Давида.

2Јонатан му кажа на Давида и рече: »Татко ми Саул сака да те убие; затоа пази се утре; сокри се и биди на тајно место;

3јас, пак, ќе излезам и ќе се исправам до татко ми на нивата, каде што ќе бидеш ти, и ќе му позборувам на татко ми за тебе; што ќе разберам ќе ти соопштам.«

4Јонатан му говореше на татка си Саула добро за Давида, велејќи му: »Да не греши царот против својот слуга Давида, зашто тој во ништо не згрешил против тебе, и делата негови се многу корисни за тебе;

5тој ја изложи душата своја на опасност за да го порази Филистеецот; и Господ изврши големо спасение за сиот Израил; ти го виде тоа и се радуваше; зашто сега сакаш да згрешиш против невина крв и да го убиеш Давида без причина?«

6И Саул го послуша гласот на Јонатана, и се заколна Саул: »Жими Господа, Давид нема да умре.«

7Тогаш Јонатан го повика Давида; му ги соопшти Јонатан сите тие зборови и го доведе Јонатан Давида при Саула, и тој беше при него, како вчера и завчера.

8Почна пак војна, и излезе Давид, пак се биеше против Филистејците, и им нанесе голем пораз, и тие бегаа од него.

9И лош дух од Бога го нападна Саула, и тој седеше дома со копје во раката, а Давид свиреше со рака по струните.

10Саул сакаше да го прикова Давида со копјето за ѕидот, но Давид отскокна од Саула, и копјето за забоде во ѕидот; а Давид избега и се спаси таа ноќ.

11И испрати Саул слуги во куќата на Давида, да го пречекаат и да го убијат до изутрината. Тогаш му рече на Давида жена му Мелхола: »Ако не ја спасиш душата своја оваа ноќ, утре ќе бидеш убиен.«

12Тогаш Мелхола го спушти Давида низ прозорецот, и тој отиде, избега и се спаси.

13А Мелхола зеде една статуа, ја стави во леглото, а на перницата стави козја кожа, и ја покри со облека.

14И Саул испрати слуги да го фатат Давида; но Мелхола рече: »Болен е.«

15А Саул испрати слуги да го видат Давида, велејќи: »Донесете ми го на легло, за да го убијам.«

16Дојдоа слугите, и ете, во леглото статуа, а на перницата козја кожа.

17Тогаш Саул ѝ рече на Мелхола: »Зошто ме излага така и дозволи мојот непријател да избега?« А Мелхола му одговори на Саула: »Тој ми рече: пушти ме, инаку ќе те убијам.«

18Давид избега, се спаси; дојде кај Самуила во Рама и му раскажа си, што прави со него Саул. И тргна со Самуила, и се запреа во Нават, во Рама.

19И му јавија на Саула, велејќи: »Ете, Давид е во Нават, во Рама.«

20Тогаш Саул испрати слуги да го фатат Давида, и кога тие видоа група пророци, кои пророкуваа, и Самуил, нивниот началник, духот Божји слезе врз Сауловите слуги, и тие почнаа да пророкуваат.

21Му јавија за тоа на Саула, и тој испрати други слуги, но и тие почнаа да пророкуваат. Потоа Саул испрати и трети слуги, но и тие почнаа да пророкуваат.

22Саул разгневен отиде сам во Рама, и дојде до глемиот извор во Сеф, и запраша, велејќи: »Каде се Самуил и Давид?« И рекоа: »Ете, во Нават, во Рама.«

23Тој отиде таму во Нават, во Рама, и врз него слезе духот Божји, и тој одеше и пророкуваше, додека стигна до Нават, во Рама.

24Ја соблече и тој облеката своја, и пророкуваше пред Самуила, и целиот тој ден и целата таа ноќ лежеше необлечен; затоа велат: »Зар и Саул е меѓу пророците?«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help