1Откако ќе минете од онаа страна на Јордан, во земјата, која Господ, вешиот Бог, ви ја дава, ако го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, ги пазиш и ги извршуваш сите заповеди Негови, кои денес ти ги заповедам, тогаш Господ, твојот Бог, ќе те постави погоре од сите народи на земјава;
2и ќе се пренесат на тебе сите овие благослови и ќе се исполнат, ако го слушаш гласот на Господа, твојот Бог.
3Благословен ќе бидеш во градот и благословен во полето.
4Благословен ќе биде плодот на твојата утроба, и плодот на земјата твоја, и плодот на добитокот твој, и плодот на воловите твои, и плодот на овците твои.
5Благословени ќе бидат житниците твои и оставите твои.
6Благословен ќе бидеш, кога влегуваш, и благословен – кога излегуваш.
7Господ нека ги порази пред тебе непријателите твои, кои се креваат против тебе; по еден пат ќе навлезат тие против тебе, а по седум патишта да избегаат од пред тебе.
8Господ да ти испрати благослови на твоите плодови и на секоја работа на твоите раце; и на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава.
9Господ, твојот Бог, нека те постави за Свој свет народ, како што ти се беше заколнал тебе и на татковците твои, ако ги извршуваш заповедите на Господа, твојот Бог, и одиш по патиштата Негови.
10И тогаш ќе видат сите народи на земјата, дека името на Господа, твојот Бог, ти е дадено тебе, и ќе се уплашат од тебе.
11И Господ, твојот Бог, нека ти даде изобилство во сите блага, во плодот на твојата утроба, во плодот на добитокот твој и во плодот на нивите твои на земјата, за кои Господ им се беше заколнал на твоите татковци дека ќе ти ги даде.
12И Господ нека ти го отвори доброто Свое сокровиште, небото, за да дава тоа на време дожд на земјата твоја и да ги благословува сите работи на рацете твои: и ќе им даваш на заем на многу народи, а ти самиот нема да земаш на заем; и ќе владееш над многу народи, а тие над тебе нема да владеат.
13Господ, твојот Бог, да те направи глава, а не опашка, и да бидеш само на високо, а не на ниско, ако ги пазиш заповедите на Господа, твојот Бог, кои ти ги заповедам денес да ги почитуваш и исполнуваш,
14и ако не отстапуваш од сите зборови, што ти ги заповедам денес, ни надесно, ни налево, и ако не тргнеш по други богови за да им служиш.
15Ако, пак, не го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, и не ги пазиш и не ги исполнуваш сите Негови заповеди и наредби, што ти ги заповедам денес, ќе паднат врз тебе и ќе се збиднат сите овие проклетства.
16Проклет ќе бидеш во градот и проклет ќе бидеш во полето.
17Проклети ќе бидат твоите житници и твоите остави.
18Проклет ќе биде плодот на утробата твоја и плодот на земјата твоја, плодот на говедата твои и плодот на стадата овци твои.
19Проклет ќе бедеш, кога влегуваш, и проклет кога излегуваш.
20Нека ти испрати тогаш Господ скудност, глад и уништување на секоја работа на рацете твои, каква и да вршиш, додека не те истреби, – и додека наскоро не те погуби поради твоите лоши дела, зашто си Ме оставил.
21Господ нека испрати тогаш врз тебе и помор, додека не те истреби од земјата, во која одиш да ја наследиш.
22Нека те порази Господ со истоштувања и огнови, со треска и воспаление, со суша, со топол ветер и гламја по житата, и тие ќе те гонат додека не загинеш.
23И небото над главата твоја ќе стане бакар, а земјата под тебе – железо;
24наместо дожд Господ нека ѝ даде на замјата пепел, и земја од небото ќе паѓа, ќе паѓа врз тебе, додека не те истошти, додека не те истреби.
25Нека те предаде Господ на непријателите твои, за да те поразат; по еден пат ќе излезеш против нив, а по седум патишта ќе бегаш од нив; и ќе бидеш расеан по сите земни царства.
26Твоите трупови ќе станат храна на сите птици небески и на ѕверовите, и не ќе има кој да ги истера.
27Нека те порази Господ со египетската лепра по домовите, со дива краста и јадеж, од кои не ќе можеш да се исцелиш;
28нека те порази Господ со беснило, слепило и слабоумност.
29И ќе одиш дење со пипање, како што оди слепиот со пипање во темнината, и патот твој нема да биде прав, и ќе бидеш тогаш секогаш навредуван и ограбуван, и не ќе има кој да ти помогне.
30Ќе земеш жена, и друг ќе ти ја земе; куќа ќе изградиш, и нема да живееш во неа; лозје ќе насадиш и нема да го обереш.
31Телето твое пред тебе ќе го заколат, и нема да јадеш од него, оселот ќе ти го грабнат, и нема да ти го вратат; овците твои ќе бидат дадени на непријателите твои и ќе нема никој да ти помогне.
32Синовите твои и ќерките твои ќе бидат предадени на друг народ; очите твои ќе гледаат и ќе чезнеат по нив, но нема да имаш сила во рацете свои.
33Плодовите на земјата твоја и целиот труд твој ќе го јаде народ, кого ти не го познаваш: и ќе бидеш само навредуван и измачуван преку сите денови.
34Ќе бидеш избезумен од тоа, што ќе го гледаат очите твои.
35И нека те порази Господ со лоша повреда, во колената и на листовите, од кое не ќе можеш да се излекуваш, од стапалата на нозете твои и дури до главата твоја.
36Господ нека те одведе тебе и кнезовите твои, што си ги избрал, при народ, кого не си го познавал ниту ти, ниту татковците твои, и таму ќе служиш на други богови, дрвени и камени;
37и ќе станеш таму за чудо, приказ и подигравка кај сите народи, кај кои Господ Бог ќе те одведе.
38Многу семе ќе фрлиш во нивата, а малку ќе собираш, зашто ќе го јадат скакулци.
39Лозје ќе садиш и ќе го работиш, и вино нема да пиеш и нема да се веселиш од него, зашто црв ќе го јаде.
40Маслини ќе имаш во сите твои предели, но со елеј нема да се помажеш, бидејќи маслинките твои ќе паѓаат.
41Синови и ќерки ќе родиш, но тие нема да останат при тебе, зашто во плен ќе отидат.
42Сите твои дрвја и сите жита на земјата твоја гламја ќе ги уништи.
43Придојдениот, кој е кај тебе, ќе се издига над тебе сѐ повисоко, и ти ќе паѓаш сѐ пониско;
44тој ќе ти дава на заем, а ти нема да му даваш на заем; тој ќе биде главата, а ти ќе бидеш опашката.
45Ќе дојдат врз тебе сите овие клетви, ќе те гонат и ќе те стигнат, дедека не те уништат, затоа што не го послуша гласот на Господа, твојот Бог, и не ги запази заповедите и наредбите Негови, што ти ги беше заповедал;
46тие ќе бидат врз тебе и твоето потомство знак и чудо довека.
47Зашто ти не Му служеше на Господа, твојот Бог, со весело и радосно срце, поради изобилството во сѐ.
48ти ќе му служиш на непријателот свој, што ќе ти го испрати Господ, твојот Бог, во глад и жед, во голотија и во секаква скудност; тој ќе ти става на вратот железен јарем, додека не те уништи.
49Ќе испрати Господ против тебе народ од далеку, од крајот на земјата; како орел ќе се спушти народот чиј јазик ти не го разбираш.
50народ бездушен, кој не сака ни старо да почитува, ниту младо да помилува,
51и ќе го изеде тој плодот од добитокот твој и плодот од земјата твоја; нема да ти остави ни жито, ни вино, ни елеј, ниту од говедата твои, ниту од овците твои, додека не те погуби;
52и ќе те притеснува во сите твои градови, додека не ги разруши во твојата земја твоите високи и јаки ѕидови, на кои ти се надеваш; и ќе ти нанесе зло во сите твои градови во целата твоја земја, која Господ, твојот Бог, ти ја даде.
53И ти ќе ги јадеш чедата од утробата своја, плотта на синовите и ќерките свои, кои Господ, твојот Бог, ти ги даде, во теснотијата твоја и во жалоста твоја, во која ќе те стави непријателот твој.
54Мажите и младите при вас многу ќе му позавидат на братот свој, на саканата жена и на другите деца свои што му останале,
55и нема да му даде на ниеден од нив плот од децата свои, кои тој ќе ги јаде, зашто нема да му остане ништо друго во притеснетоста и во жалоста, во кои ќе те постават непријателите твои во сите твои градови.
56Жена нежна и млада, убава меѓу вас, која поради убавината и младоста никогаш со нога не стапнала на земјата, со безмилосно око ќе гледа на саканиот маж свој, на синот свој, на ќерката своја,
57и нема да им го даде последокот, што излегува меѓу бедрата нејзини, на децата, што ги родила; зашто, при скудноста во сѐ, таа ќе ги јаде тајно, во притеснетоста во која ќе те стави напријателот твој во твоите градови.
58Ако не ги пазиш и исполнуваш сите зборови од законот, напишани во оваа книга, и не се боиш од ова чесно и чудесно име на Господа, твојот Бог,
59Господ ќе те порази тебе и твоето потомство со необични порази, со порази големи и трајни, и со болести лоши и долги;
60и ќе ги навлече врз тебе сите лоши болести египетски, од кои се плашеше, и тие ќе се залепат за тебе;
61и секаква слабост и секаква рана незапишана и секаква запишана во книгата на овој закон, Господ ќе испрати врз тебе, додека не те истреби;
62и ќе останете на број малкумина, а не како кога бевте многубројни колку и ѕвездите небески, бидејќи не го слушавте гласот на Господа, вашиот Бог.
63И како што Господ се радуваше, кога ви правеше добро и ве умножуваше, така ќе се радува Господ, кога ќе ве погубува, и ќе бидете изгонети од земјата, во која одиш ти, за да ја наследиш.
64И ќе те расее Господ, твојот Бог, по сите народи, од крајот на земјата до крајот на земјата, и таму ќе им служиш на други богови, кои не си ги знаел, ниту ти, ниту татковците твои, на дрво и на камен ќе им служиш.
65Но и меѓу тие народи нема да те успокои, ниту ќе има место, каде и да стапи ногата твоја; и таму Господ ќе го нажали срцето твое и ќе прати кратковидост на очите твои и душата твоја да гине;
66животот твој ќе виси пред тебе, и ќе се плашиш и дење и ноќе и нема да бидеш сигурен за животот свој;
67од стравот во срцето свое ќе се плашиш, и од видот на очите твои, па наутро ќе кажеш: ‚о, што поскоро да се стемни!‘, а навечер ќе велиш: ‚о, што поскоро да се осамне!‘
68И Господ ќе те врати во Египет на кораби по оној пат, за кој што ти кажав: ‚ти нема повеќе да го видиш‘; и таму ќе бидете продавани на непријателите свои како робови и робинки, но ќе нема кој да ве купи.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.