1 Царства 31 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Пропаста на Саула и на неговите синови.

1А Филистејците војуваа против Израилците, и мажите израилски избегаа од Филистејците и паднаа победени на планината Гелвуј.

2Филистејците го стигнаа Саула и синовите негови; Филистејците го убија Јонатана, Аминадава и Малхиуса, Саулови синови.

3Битката против Саула стана жестока, и стрели од лакови го поразуваа; тој беше многу ранет од стрелите.

4Тогаш Саул му рече на оруженосецот свој: извади го мечот и заколи ме со него, да не дојдат оние необрезани и да ме убијат и да не се подигруваат со мене. Но оруженосецот не сакаше, бидејќи многу се плашеше. Тогаш Саул го зеде мечот и се фрли врз него.

5Оруженосецот негов, кога виде дека Саул умре, и самиот падна врз мечот свој и умре со него.

6Така умреа во тој ден Саул и трите синови негови и оруженосецот негов, а исто така и сите луѓе негови заедно.

7Израилците кои живееја кон долината и од оваа страна на Јордан, откако видоа, дека луѓето израилски избегаа и дека Саул умре и синовите негови, ги напуштија градовите свои и избегаа, а Филистејците дојдоа и се населија во нив.

8На другиот ден Филистејците дојдоа да ги ограбуваа убиените и го најдоа Саула и тројцата синови, што беа паднале на Гејвулската планина.

9Го свртеа и му ја пресекоа главата, го симнаа од него оружјето и испратија по целата Филистејска земја, да го разгласат тоа по идолските светилишта и на народот;

10и го положија оружјето негово во идолското светилиште на Астарта, а телото негово го закачија на ѕидот Вет-Сански.

11Жителите на Јавис Галадски слушнаа за тоа што направија Филистејците со Саула;

12се кренаа сите силни луѓе, одеа цела ноќ, го зедоа телото на Саула и телата на синовите негови од ѕидот Вет-Сански, дојдоа во Јавис и таму го изгореа;

13ги зедоа коските нивни и ги погребаа под дабот во Јавис, и постеа седум дена.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help