1Благословувај Го, душо моја, Господа, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето име.
2Благословувај Го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној,
3Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести;
4Кој го избавува од распаѓање твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини.
5Кој ја исполнува со блага твојатажелба, како на орел ќе се обновува твојата младост.
6Господ им дава милост и суд на сите онеправдани.
7Он му ги покажа Своите патишта на Мојсеја, на Израилевите синови – барањата Свои.
8Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив;
9Он не се гневи до крај, ниту вечно се лути.
10Оне не ни направи ништо според нашите безааконија и не постапи според нашите гревови;
11зашто, колку е големо растојанието од небото до земјата, толку е голема милоста на Господа спрема оние што се бојат од Него;
12колку е далеку исток од запад, толку ги оддалечил Он од нас нашите беззаконија;
13како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.
14Зашто Он го знае нашиот состав, помни дека сме земја.
15Дните на човекот се како трева; како полски цвет, така прецутува тој;
16ќе дувне ли над него ветар, и веќе го нема, и местото веќе нема да се познава
17А милоста на Господа е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него,
18и правдата Негова е од синовите на синовите, кои го чуваат заветот Негов и ги помнат заповедите Негови, за да ги исполнуваат.
19Господ го поставил Својот престол на небото, и царството Негово владее над сѐ.
20Благословувајте Го Господа – сите ангели Негови крепки по сила, кои го извршуваат Неговиот збоар, слушајќи го гласот од зборот Негов;
21благословувајте Го Господа – сите Негови војски, Негови служители, кои ја испонувате волјата Негова;
22благословувајте Го Господа сите Негови дела, по сите места на Неговото владеење. Благословувај Го, душо моја, Господа!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
