1Потоа Авесалом си набави коли и коњи и педесет брзоодци.
2Авесалом стануваше изутрина рано, се запираше крај патот при портите и, кога некој имаше поплака и одеше при царот на суд, тој го повикуваше и го прашуваше: »Од кој град си?« И кога оној одговараше: »од тоа и тоа Израилево племе е твојот слуга«,
3тогаш Авесалом му велеше: »Ете, твоето дело е добро и праведно, но при царот нема кој да те ислуша.«
4И Авесалом уште велеше: »О, да беа ме поставиле мене за судија во оваа земја! При мене би доаѓал секој, кој има расправија и поплака, и јас би судел по правда.«
5И кога некој ќе се доближеше да му се поклони, тој ја протегаше раката и го прегрнуваше и го бакнуваше.
6Така постапуваше Авесалом со секој Израилец, кој доаѓаше при царот да се суди, и навлегуваше Авесалом во срцата на Израилците.
7Откако изминаа четириесет години од царувањето на Давида, Авесалом му рече на царот: »Да одам и да го исполнам мојот завет, што му го бав дал на Господа во Хеврон.
8Зашто јас, твојот слуга, кога живеев во Гесур, во Сирија, ветив: ако Господ ме врати во Ерусалим, дека ќе му принесам жртва на Господа.«
9А царот му рече: »Оди со мир.« И тој стана и отиде во Хеврон.
10А Авесалом распрати разузнавачи меѓу сите Израилеви колена, велејќи: »Коа ќе чуете звук од труба, велете: ‚Авесалом стана цар во Хеврон.‘«
11Од Ерусалим отидоа со Авесалома двесте души, што ги беше поканил, и тие отидоа простодушно, баз да знаат, каква е работата.
12Во времето принесување жртви, Авесалом испрати, та го повика гилонецот Ахитофела, Давидов советник, од неговиот град Гилон. И почна буна голема, и народот се собираше и се умножуваше околу Авесалома.
13И дојде разузнавач при Давида и рече: »Срцето на Израилците се сврти кон Авесалома.«
14Тогаш им рече Давид на сите свои слуги, што беа при него во Ерусалим: »Станувајте да бегаме, зашто за нас нема спас од Авесалома; брзајте да излеземе, да не нѐ затече и нѐ фати, да не ни навлече зло и да го истреби градот со меч.«
15Царските слуги му рекоа на царот: »Во сѐ што му е угодно на господарот наш, царот, ние сме твои слуги.«
16Па излезе царот и по него сиот дом негов пешки. Царот остави десет свои наложници да ја чуваат куќата.
17И излезе цаарот и сиот народ пешки, и се задржаа на едно подалечно место.
18И сите слуги негови врвеа од двете страни негови, и сите Хелетејци, сите Фелетејци и сите Гетејци – до шестотини души што беа дошле заедно со него од Гет, одеа пред царот.
19И царот му рече на Гетеецот Етеја: »Зошто си тргнал и ти со нас? Врати се и остани со оној цар, бидејќи си туѓ и си избегал од својата земја.
20Ти си дошол вчера, а денес ќе те терам да одиш со нас ли? Јас одам, каде што можам; врати се и врати ги со себе и браќата свои; Господ нека ти укаже милост и правда!«
21А Етеј му одговори на царот и рече: »Жив ми Господ, и да живее мојот господар, царот; каде и да биде мојот господар, царот, жив или мртов, таму ќе биде и твојот слуга.«
22Тогаш Давид му рече на Етеја: »Дојди, пак, и оди со мене.« И Тргна Гетеецот Етеј и сите луѓе негови и сите деца што беа со него.
23И целата земја плачеше на висок глас. И сиот народ минуваше, и царот го мина потокот Кедрон; и тргна сиот народ и царот по патот кон пустињата.
24Ете, и свештеникот Садок и заедно со него сите левити го носеа ковчегот на Божјиот завет од Ветара, и го поставија Божјиот ковчег; Авијатар пак стоеше на височината, додека сиот народ излезе од градот.
25И царот му рече на Садока: »Врати го Божјиот ковчег во градот и нека стои на местото свое. Ако најдам милост пред очите на Господа, Он ќе ме врати и ќе ми даде да Го видам Него и Неговото живеалиште.
26Ако, пак, Он каже: ‚Немам кон тебе благонаклоност‘, тогаш ете ме; нека врши со мене, како што ќе Му биде угодно.«
27И му кажа уште царот на свештеникот Садок: »Гледаш ли, – врати се во градот со мир зедно со сина си Ахимаса и со Авијатаровиот син Јонатана, двајцата ваши синови;
28гледате ли, јас ќе се позабавам по рамнината во пустињата, додека ми стигне известување од вас.«
29Садок и Авијатар го вратија Божјиот ковчег во Ерусалим и останаа таму.
30А Давид тргна кон Елеонската планина, врвеше и плачеше; главата му беше покриена, и тој одеше бос; и сите луѓе, што беа со него, ја покрија секој својата глава, одеа и плачеа.
31Му јавија на Давида и рекоа: »И Ахитофел е меѓу заговорниците со Авесалома.« И рече Давид: »Господи, Боже мој, оневозможи го советот на Ахитофела.«
32Кога Давид се искачи на врвот од гората, каде што сакаше да Му се поклони на Господа, ете во пресрет му доаѓа Хусиј, Давидов прв пријател: облеката му беше раскината, и на главата имаше прав.
33И Давид му рече: »Ако дојдеш со мене, ќе ми бидеш товар:
34но, ако се вратиш во градот и му кажеш на Авесалома: ‚Царе, браќата твои минаа, и царот татко ти мина, и сега јас сум твој слуга; остави ме жив, досега бев слуга на татко ти, а сега сум твој слуга‘, ти ќе оневозможиш за мене советот на Ахитофела.
35Ете, таму со тебе ќе бидат свештениците Садок и Авијатар, и секој збор, што ќе го чуеш од домот на царот, соопштувај им го на свештениците, на Садока и на Авијатара.
36Заедно со нив таму се и двајцата нивни синови: Ахимас, син Садоков, и Јонатан, син Авијатаров; по нив испраќајте ми ја секоја вест, што ќе ја чуете.«
37Така, Хусиј, Давидовиот пријател, отиде во градот, а во тоа време Авесалом влегуваше во Ерусалим.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.