1А сега слушај, Јакове, слуго Мој, и ти, Израиле, кого Јас го избрав.
2Вака вели Господ, Кој те создаде и те обликува, Кој ти помага од мајчината утроба: не плаши се, слуго Мој Јакове, и возљубен Мој, кого Јас го избрав;
3зашто ќе излеам вода врз она што жедува, и потоци врз исушеното; ќе го излеам духот Свој врз твоето племе и благословот Свој – врз твоите потомци.
4Ќе растат како трева крај извори, како врби крај водни потоци.
5Еден ќе рече: »Јас сум Господов«, друг ќе се нарече со името на Јакова; а трет ќе напише со раката своја: »Јас сум Господов«, ќе се нарече со името Израилево.
6Вака вели Господ, Царот на Израилот и неговиот Избавител, Господ Саваот: »Јас сум првиот, Јас сум и последниот; освен Мене нема Бог;
7зашто кој е како Мене? Нека раскаже тој, да разгласи и по ред да Ми престстави сѐ од она време, кога го устроив древниот народ, нека го разгласат она што настапува и она што ќе биде…
8Не бојте се и не плашете се: нели оддамна ти соопштив и престкажав? И вие сте Мои сведоци. Има ли Бог освен Мене? Не, друга никаква карпа не знам.«
9Оние, што прават идоли, сите се ништожни, нивните најсакани не донесуваат никаква корист тие сами се сведоци во тоа. Тие не гледаат, ниту разбираат, и затоа ќе бидат посрамени.
10Кој направил бог и излеал идол, што не донесува никаква корист?
11Сите учесници во тоа ќе бидат посрамени, зашто и самите мајстори сепак се луѓе; сите тие нека се соберат и нека застанат; тие ќе се уплашат и сите ќе бидат посрамени.
12Ковачот прави сечило од железо, со чекан го мазни и се труди над него со силната рака своја до толку, што прегладнува и премалува, не пие вода и изнемоштува.
13Дрводелецот, откако ќе одбере дрво, влече по него линија, со остар алат го оцртува, потоа изработува лик на убав човек, за да го постави дома.
14Сече кедри, зема бор и даб, кои ги одбира меѓу шумските дрвја, сади јасен, кого дождот го прави да расте.
15И тоа му служи на човекот за оган, а дел од него употребува да се топли, да запали оган и да пече леб. А од него прави и бог и му се поклонува, прави идол и паѓа ничкум пред него.
16Дел од дрвото изгорува во оган, со друг дел вари месо за јадење, си пече печено и јаде до наситување, а исто така се грее и вели: »добро е, се згреав; почувствував топлина.«
17А од остатоците прави бог, свој идол, му се поклонува, паѓа ничкум пред него и му се моли и вели: »спаси ме, зашто ти си мој бог.«
18Не знаат, ниту разбираат: Он им ги затворил очите, за да не гледаат, и срцата нивни – за да не разбираат.
19И не го зема тоа при срце, ниту има до толку знаење и разум да каже: »половината негова ја изгорев на оган и на јагленот негов испеков леб, сварив месо и јадев; а од остатокот зар ќе направам одвратност, зар ќе се клањам на парче дрво?«
20Разбери дека срцето на идол е од пепел; измаменото срце твое те довело во заблуда, и не може да ја ослободи душата своја и да рече: »нели е измама тоа што е во десната рака моја?«
21Помни го тоа, Јакове и Израиле, зашто ти си Мој слуга; Јас те создадов; Мој слуга си ти, Израиле, не Ме заборавај.
22Ќе ги избришам како магла твоите беззаконија, и твоите гравови – како облак; сврти се кон Мене, зашто Јас те откупив.
23Веселете се, небеса, зашто Господ го направи тоа. Ликувајте, длабочини земни; шумете од радост, гори и шуми и сите дрвја во нив; зашто Господ го откупи Јакова и ќе се прослави во Израилот.
24Вака вели Господ, Кој те откупи и Кој те обликува во мајчината утроба: Јас сум Господ, Кој сѐ создадов, Сам ги спрострев небесата и со силата Своја ја послав земјата.
25Јас ги правам ништожни доказите на лажните пророци и на видело го изнесувам безумието на меѓесниците, Јас Кој ги враќам мудреците и знаењето нивно го обрнувам во лудост.
26Го потврдувам зборот на Својот слуга и го извршувам изреченото од Моите пратеници, му велам на Ерусалим: »Ти ќе бидеш населен« и на градовите Јудини: »Вие ќе бидете изградени; и урнатините негови Јас ќе ги возобновам.«
27Јас ѝ велам на бездната: »Исуши се!« И реките твои Јас ќе ги исушам.
28Кој вели за Кира: »Тој е Мој пастир, и тој ќе ја исполни секоја волја Моја« и ќе му рече на Ерусалим: »Ти ќе бидеш одново изграден!« и на храмот »ти ќе бидеш основан!«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.