Псалми 68 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Слугата Господов е во голема неволја.

1Спаси ме, Боже, зашто водите стигнаа до душата моја.

2Потонав во длабока тиња, каде што нема дно; влегов во морска длабочина и бура ме потопи.

3Изнемоштев од викање; засипна грлото мое; попуштија очите мои, надевајќи се на мојот Бог.

4Оние, што ме мразат без вина, се намножија повеќе од косата на главата моја: непријателите мои, кои ме гонат неправедно, се засилија; она што не сум го зел, тогаш го давав.

5Боже, Ти го знаеш моето безумие, и гревовите мои не се сокриени од Тебе.

6Да не се посрамат поради мене сите они, што се надеваат на Тебе, Господи, Боже на силите. Да не се посрамат порадимене оние, кои Те бараат, Боже Израилев,

7зашто заради Тебе поднесувам исмејување, и срам го обзеде лицето мое.

8Туѓ станав за браќата свои и чуден за синовите на мајка ми моја.

9Бидејќи ревноста за Твојот дом ме јаде, и подбивите на оние, што Те хулат, паѓаат врз мене;

10и постам со душата своја, но и тоа ми го земаат за зло

11место облека облекувам вреќа; и со тоа им станав за приказ;

12против мене зборуваат оние што седат пред портите и пијаниците пеат за мене.

13Јас, пак, молитвата моја ја упатувам кон Тебе, Господи; благопријатно е времето, Боже, со големата Своја милост услиши ме заради вистината на спасението од Тебе;

14изведи ме од калта, за да не потонам; да се избавам од оние, кои ме мразат, а и од длабоките води;

15за да не ме потопи водниот вртеж, и длабината да не ме проголта, да не ја затвори над мене бездната својата уста.

16Услиши, ме, Господи, зашто блага е Твојата милост; поради големата Твоја милосрдност погледај ме;

17не одвраќај го лицето Свое од чедото Твое, зашто сум нажален; услиши ме брзо;

18наклони се кон душата моја и избави ја; поради моите непријатели спаси ме.

19зашто Ти го знаеш мојот подбив, мојот срам и моето засрамување: пред тебе се сите што ме оскрбуваат.

20Подбив и срам дочека мојата душа, очекувајќи некого во сострадание, но го немаше, и да ме утеши некој; но не го најдов.

21И ми дадоа жолчка да каснам и кога зажеднев – со оцет ме напоија.

22Трпезата нивна нека им биде примка, гоштевањето – стапица;

23да ми се помрачат очите, та да не гледам, и бедрата нивни ослаби ги засекогаш;

24излиј го врз нив гневот Свој, и јароста на Твојот гнев нека ги обземе;

25домовите да им ги запустиш, и во шаторите нивни да не остане никој жив;

26зашто оној кого Ти го порази, тие го гонат, и со тоа ги умножија болките од раните мои.

27Притури беззаконие врз беззаконието нивно, за да не влезат во Твојата правда.

28Нека бидат избришани од книгата на живите и да не бидат запишани меѓу праведните.

29Јас, пак, сум беден и страдам; нека дојде од тебе, Боже, спасението за мене!

30Ќе го славам името на мојот Бог со песна, ќе го возвеличувам во славословија,

31и тоа ќе Му биде поугодно на Господа, отколку теле или јунец со рогови и со копита.

32Нека го видат тоа оние што страдаат и нека се зарадуваат. Побарајте Го Бога за да ви оживи душата ваша,

33зашто Господ ги услишува сиромасите и не ги презира затворениците Свои.

34Нека Го пофалат небесата и земјата, морето и сѐ што живее во него;

35зашто Бог ќе го спаси Сион, ќе се изградат градови во Јудеја, и таму ќе ги наследат;

36и потомството на слугите Твои ќе се весели во него.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help